таг: цртежи

Цртежи направени со трчање (+aпдејт)

Лени Моган ја претвора својата трчачка патека во слики, одбирајќи патишта кои кога ќе се видат на мапа даваат разни облици. Повеќе

По 80 години повторно објавена книга детски цртежи со предговор на Олдос Хаксли

Била издадена во 1938 и содржела 60 цртежи на деца кои минувале низ Граѓанската војна во Шпанија, за светот да ја сфати нивната траума и да помогне во воспоставувањето мир. Хаксли ја поддржал иницијативата со тоа што напишал воведен текст. Повеќе

Нотесот на Елена Лимкина
Начинот на којшто црташ круг кажува нешто за културата од која потекнуваш

За почеток, на лист хартија или во мислите нацртајте круг. Почнавте од врвот или од долу? Се движевте во правец на часовникот или спротивно од него? Веројатно никој од нас не размислува додека ги прави овие движења. Но собраните податоци од кругоцртачи низ светот покажува дека токму оваа активност содржи важни информации. Повеќе

Кога на дете од Фиренца ќе му кажеш да нацрта црква

Во едно основно школо во Фиренца, учителката побарала од децата да нацртаат црква (на италијански chiesa/киеза). Некое дете го нацртало фудбалерот на Фиорентина Федерико Киеза со виолетов дрес и копачки. Цртежот станал хит, па Фиорентина го поканила малиот Виторио со татко му да дојдат на првата следна средба. Повеќе

Што значи кога девојка сака фудбал и убаво црта

Руската блогерка Дарја Исаева по сопствено признание во новата година влегла со желба да наслика уште многу портрети на познатите светски фудбалери кои ги црта како ретко кој друг. Повеќе

Уметнички колаборации од троседот

По примерот на соработката на некои од најголемите уметници, како Луис Буњуел и Салвадор Дали или Енди Ворхол и Жан-Мишел Баскијат, татко седнува и започнува колаборација со своите деца. Они цртаат, ко што цртаат дечурлана, а он после средува. Целата работа толку добро им оди, што други родители почнуваат да ги носат децата на цртање. Повеќе

Како да црташ во 140 карактери?
ASCII (твитер) уметност

Метју Хагет (44) е графички уметник од Портланд чиј твитер профил @Tw1tt3rArt има над 88,000 следбеници. Зошто е толку популарен? Затоа што успева во рамки на дозволените 140 карактери да создаде уметност. Повеќе

Кога мајка и 4-годишна ќерка се уметнички тандем
Креативна рамноправност

Mика Ангела Хендрикс е интересен илустратор, дизајнер и цртач, а инспирацијата ја црпи од Морис Сендак, Роберт Крамб и Џим Хенсон. Но како што тргнала работата, нејзината четиригодишна ќерка Мила наскоро може да ја надмине во креативноста. Повеќе