Неговиот твитер акаунт „експлодираше" во текот на Првенството во 2010, кога тој твиташе стилизирани имиња и знамиња на националните тимови. Во основа сите фонтови кои ги користи се оние традиционалните, само што комбинирани на вистинскиот начин не даваат текст туку цртежи.
Сега, кога е веќе изверзиран, на Хагет му требаат 10-20 минути за секој твит. Тој во 2009 почнал со стандарден личен акаунт, но набргу, под влијание на други „твитер уметници" кои биле активни во тоа време, почнал и самиот да експериментира. Она што на сите нив им било предизвик е користењето на Твитер на начин на кои неговите основачи никогаш не помислиле, а што и било единствен начин за споделување уметност пред Твитер да овозможи фотографии, гифови и видеа.
Еве некои од неговите дела - тие покажуваат дека со малку трпение можат да се направат чуда.