Последен пат кога беа потребни повеќе од 7 кинески јуани за да се купи еден американски долар беше мај 2008, првите чекори на светот кон финансиска криза. Деновиве јуанот повторно оди накај бројот 7.
Идејата „Трамп 2020“ за втор претседателски мандат на актуелниот претседател има сериозен противник: женски противкандидат, кој и да е. Според моменталното расположение Трамп би изгубил од секоја жена која - макар и на зезање - била спомната како негов противкандидат.
Болсонаро не е бразилскиот Трамп, како што тоа често прелесно се врзува. Не е тој од новиот алт-десен бран во САД и Европа. Тој е опасен старомоден екстремен десничар за кого гласаат обични Бразилци, сиромаштија, црнци па дури и ЛГБТ. Луѓе кои до вчера гласаа за левицата. Небањатите. Сите очајници кои сфаќаат дека стандардната политичка елита пет пари не дава за нивните проблеми.
Земјите кои за време на Студената војна беа на линијата на фронтот помеѓу САД и СССР, сега се потполно небитни и заборавени a деновиве им се случува тотален општествен колапс и масовен егзодус на населението. Чисто да се доежиме од онаа оценка на американскиот секретар Џон Кери дека Македонија е на „линијата на огнот“ меѓу Вашингтон и Москва.
Она што ги спојува двата спротивставени политички табора во САД е што имаат сексуални фантазии со ист интензитет. Ама кога станува збор за содржината, тука веќе сериозно се разликуваат и тој избор изгледа има врска со нивните партиски и иделошки вредности. Не сме особено љубопитни да ги откриваме локалните сдсм-вмро специфики бидејќи некако е јасно кој во нивните глави е ебаната страна.
На 30-ти ноември во Вермонт ќе биде промовирана „Прогресивната интернационала“ на Варуфакис и Берни Сандерс, движење замислено како контра-тежа на „подемот на култот на ултра-националистички апсолутистички групи“.
Фразата “Политиката надвор од спортот“ секогаш била само пуста желба и далеку од вистина. Тоа деновиве се потврди во Браазил каде на претседателски избори победи кандидат околу кој се подели земјата а имуни не останаа ниту спортистите и фудбалските клубови.
Оние кои се форматираат во услови на систематска радијација од турските серии, веројатно се уверени дека нема ништо полошо од нив. Но затоа постојат постари релативизитари на кои, иако дамнешни, уште им се свежи раните од касандра, масандра и другите како-ли-беа јужноамерикански сапуници. Тек тоа, драга младино, како не се трпеше! Една мексиканска, поштено раскажана.
Секој пат кога Трамп ќе го крене приватниот мобилен за да се чуе со пријателите (да се пофали или да оговара), во разговорот има уште најмалку три пасивни страни: домашни шпиони, плус кинески и руски.
Затоа што англискиот јазик и онака е богат со соодветни зборови и фрази, нема никаква потреба од користење на омилениот термин на Трамп, посебно не во службени документи на британската влада.
Во понеделникот беше првата годишнина откако Алиса Милано ги повика жртвите на сексуални напади и малтретирање онлајн да ги споделат своите приказни под хаштагот #MeToo, движење кое пред една деценија беше започнато од активистката Тарана Бурк. Сепак, истиот ден со вестите доминираше Хилари Клинтон и нејзината бизарна одбрана на однесувањето на Бил Клинтон додека е претседател.
Трамп погрдно ја нарекуваше Покахонтас затоа што на колеџ се пријавила како член на малцинството. Ворен прави ДНК тест и му докажува дека има индијанско потекло. И што е тоа битно? Но, ако ништо друго, ова е сигурен знак за почеток на нејзината кампања за претседател на САД во 2020. Можеби сепак ќе имаме за кого да навиваме.
Денешното нововоспитано интернет граѓанство не ја пушта Хилари туку така. Дали ќе им помине или ќе се префрлат на малтретирање на некој со многу помало влијание од нејзиното, останува да видиме.
Два моменти врежани во поп-културата имаме за разгледување: едниот е кралската свадба, Хари и Меган Маркл жигосан во медиумската историја. Другата е потребата од сè да се направи порно, подкатегорија: од сè да се направи секси костим за маскенбал.
Тоа што речиси 50-годишниот претседател на САД имал врска со 22-годишна приправничка во Белата куќа не е злоупотреба на моќ, барем не според жената која во тоа време беше Прва дама на САД.
Не е можно до толку да немаат некој задолжен за предвидување на „навреденост” во протокол. Или имаат и се такмичат кој ќе ја намести Меланија за поголема глупост.
40-годишниот претседател на Франција кој досегашниот дел од мандатот го мина во жалење те од Трамп, те од Русите, те од Марин Ле Пен, те од сè што не му е по мерак, на пензионерите на својата земја им порача малку да се стегнат и да престанат да кенкаат за тривијални работи како кратење на пензијата.
Рускиот заменик јавен обвинител Саак Карапетјан загина откако неговиот хеликоптер се срушил во шума на северо-исток од Москва. Карапетјан се смета за човекот со кого директно соработува Наталија Веселницкаја, руската адвокатка што во 2016 се сретна со луѓето од штабот на Трамп.
Во речиси исто време кога комплетна американска јавност (и вакви и такви) беше залепена пред каков екран и да им е достапен и го гледаше сослушувањето на кандидатот на Трамп за Врховен судија, Брет Кавано, во американскиот претставнички дома беа изгласани даночни олеснувања за најбогатите Американци во износ од 3100 милијарди долари.
Едно утро кон крајот на септември Германците се разбудија со нова и несигурна политичка иднина. Ангела Меркел е ранета, можеби и фатално, од бунтот кој се случи онаму каде што најмалку очекуваше - во нејзината Христијанско-демократска партија.
Нема двајца луѓе кои во своите политички погледи се подалеку еден од друг од овие двајца. Па сепак, едниот вика непријателски политичар, другиот оди кај непријателски новинар. На Бенон му е криво што Сандерс немал доволно енергија и борбеност како Трамп за да победи кај Демократите па на сцената да се тепаат лев и десен популизам. Мар тврди дека Бенон намерно наоѓа идиоти како Сара Палин и Трамп, бидејќи се празни шасии кои тој ги полни со негови идеи.
За прв пат по долги години друга држава на Израел му кажува: Престани. Барем во Сирија, повеќе нема да може. Фала ти, мајка Русија, пишува Гидеон Леви во израелскиот весник Хааретз.
Луѓето имаат изразит мерак на стории за наводната скромност и штедливост на милијардери како Бафет (пример дека живее во иста куќа што во 1958 ја купил за 31.500 долари) или Закерберг (дека вози Фолксваген) или Гејтс (дека има часовник од 10 долари) дури и ако истите стории не се целосно точни.