Откако пензионерка му се жали на Макрон дека е уплашена од намалувањето на нејзината пензија, францускиот претседател одговара цитирајќи еден совет што Де Гол го дава на својот внук: „Можеш слободно да зборуваш за што сакаш ама една работа на која немаш право е да се жалиш.“
Сето ова претседателот го надополнува со порака пензионерите да ги отворат очите бидејќи „ние не сфаќаме колку сме среќни.“
Проблемот за кој зборува пензионерката е неодамна објавениот план за реформа на пензискиот систем и намалување на буџетски трошоци со кој се кратат милијарди евра во даночни олеснувања за француските компании и домаќинства.
Изјавата Макрон ја дава за време на обележување на 60-годишнината од францускиот устав, во родното село на Де Гол.