За Карапетјан се верува дека лично бил запознаен со дел од операциите кои се префрлаат на сметка на Русија и за кои се верува дека биле нарачани од Путин.
Токму Карапетјан е човекот кој го има потпишано писмото од руската влада со кое се одбива давање помош на САД за расчистување на случајот околу смртта на Сергеј Магнитски, адвокатот кој заврши мртов откако откри мултимилионска проневера во Русија.
Самата Веселницкаја сето ова време тврди дека нејзините контакти со штабот на Трамп се однесувале на олабавување на санкциите врз руски функционери кои редовно се апгрејдуваат токму по основа на Законот Магнитски.
Се претпоставува дека валканите материјали за Хилари што Веселницкаја им ги има понудено на Доналд Трамп помладиот, Џаред Кушнер и Пол Манафорт, потекнуваат од канцеларијата на Карапетјан.
Тој годинава беше споменат во судење во Швајцарија дека се обидувал како двоен агент да ангажира еден од тамошните функционери кој требал да ги истражува банкарските сметки на руските олигарси.
На негово конто оди и тврдењето дека тој наводно бил присутен на состанок во Москва на кој се отруени британски детективи кои се обиделе да ги најдат убијците на Александер Литвиненко.
Годинава тој ги обвини британските власти за анти-руска кампања заради тврдењето дека Русите стојат зад обидот за труење на Сергеј Скрипал, и дека Британците истото го направиле и претходно при обидот за убиство на Березовски и по убиството на Литвиненко.