Во сезона на отстрел на „мажи на позиција што шарале“ Хилари Клинтон во интервју за Си-би-ес изјавува дека аферата на нејзиниот сопруг со Моника Левински не е злоупотреба на моќ.
Аргументот на Хилари, кој црпи од логиката на секој еден маж што до сега беше обвинет за сексуално малтретирање, е дека тоа не е злоупотреба на моќта бидејќи Левински во тоа време била полнолетна.
Ако нешто му забележува Хилари на својот сопруг тоа е дека воопшто поднел оставка заради скандалот со Моника Левински, бидејќи според нејзе Бил „апсолутно не требал“ да даде оставка.
Како поткрепа на ова таа го активираше џокерот Доналд Трамп, прашувајќи „каде е истрагата за сегашниот претседател на САД, против кого се направени голем број обвинувања кои тој ги отфрла, негира и исмева?“