Последниве неколку години се изнагледавме сјајни, бели кујни, лажни крзнени килими и многу, ама сериозно многу нијанси на розево. Сепак, деценијата завршува и со неа стиловите за уредување што ги донесе, па да видиме, што предвидуваат професионалците за 2020?
Ризично е во денешно време да се залагаш за женски права, особено ако го погледнеш последниот инцидент со писателката на Хари Потер. Ѝ се стрчаа со бакљи и вили да ја палат, ја викаа бабетина, глупача, ѓубре и ужасно грда. Кој? Твитерџии, оф корс. А злосторот? Дека одбрани жена што сакаше да го изрази своето мислење за постоењето на пол и род, без да ја изгуби работата.
Да признаеме, играњето онлајн видео предизвици на сите ни е забавно и многу често се „фаќаме“ себеси како сме поминале часови играјќи ја нашата омилена игра. Но, започнувајќи од денес играњето онлајн видео предизвици, не само што станува поинтересно, туку и исплатливо, благодарение на Cashback World.
Новото дејствие ќе биде осум години по крајот на старото и овој пат, креаторите се решени поточно да го рефлектираат светот на њујоршките тинејџери - што значи дека фановите конечно можат да очекуваат повеќе разноликост кај екипата.
Минатата година, поради масовно критикување, Скарлет Јохансон се повлече од една главна улога базирана на вистински лик, Данте „Текс” Гил, кој покрај другото бил и транс маж. А бидејќи ние на национално ниво сме назад со материјалот - транс-маж е кога лицето е родено како жена, но решава да живее како маж.
Виржини Виар работеше со Лагерфелд во Шанел над 30 години, но дури денес ја имаше својата прва соло колекција откако Карл отиде во вечни ловишта во февруари.
Многу, многу работи. Мемоарот „Becoming”, е полн со досега необјавени приказни и анегдоти од нејзиниот живот, и како дете, и како девојка и како жена (на претседател на САД). Раскажува доста ствари за себе, и баш е таква каква што ја замислуваме.
Ако најдете чизми што ќе ве натераат да напишете ваква магистерска тема, аман прерачунајте се колку дена ќе треба да јадете крекери и вода и купете ги. Ретко се постигнува вакво чувство.
Ако ништо друго, фино е да пробаш да се стремиш кон тоа. И само една од стварите што те носат натаму да штиклираш, веќе си на добар пат. Како на пример, да бидеш културен. Познаваме доста луѓе што баш на тоа ќе ги бутне комисија, ама па сега... Да се проба.
Во последниве три години, околку 1 милијарда долари во инвестиции се истурени во технологијата за женско здравје. И нема врска дека технолошката индустрија станала женска.
И на пример, не знаеш што да се маскираш (еве нека не е Ноќ на вештерките, добро еве не е наш празник, сфативме, во ред е, спиј мирно, еве нека е 1-ви април) и ти текнува дека имаш патики со костурски елементи на нив и доволно е само нив да ги облечеш и се чувствуваш како дел од журката.
Да ризикуваш со облека е релативно лесно со оглед на тоа што пред да излезеш од дома можеш да се предомислиш, а ако се предомислиш на пола ден, секако на крај ќе се соблечеш. Да ризикуваш со малку потрајни работи како боја и ѕидови по дома бара повеќе храброст.