Ѝ го собираа уште од претходната година кога играше во Ghost in the Shell, научнофантастичен филм базиран на популарно јапонско аниме. Јохансон седеше мирна за време на урлањето околу таа неправда, но во едно ново интервју за As If, призна дека не е баш воодушевена од политичката коректност и како таа регулира што актерите смеат и не смеат да прават додека бираат улоги.
„Знаете, како актер, треба да можам да играм било кого, човек, дрво или животно, затоа што тоа ми е работа и тоа работата ми го бара,” објаснува таа. „Мислам дека сега е трендот таков и треба да го има од различни причини, но сепак доаѓа момент кога станува неудобно, бидејќи влијае на уметноста, а уметноста треба да биде ослободена од секакви рестрикции.” Околу политичката коректност, вели: „Мислам дека општеството би било поотворено и поврзано ако им дозволуваме и на другите да имаат свое мислење и ако не очекуваме сите да го делат нашето мислење.”
Кога луѓето се бунеа за транс-ликот, ги испрати кај претставниците на Џефри Тамбор, Џаред Лето и Фелисити Хафман (сите играа транс-ликови во филмови и на телевизија). И кога на крај се повлече од филмот, се извини за „бесчувствителноста”.
Таман се израдувавме што има бар еден нормален, најновото е дека после интервјуто во As If, за Vulture, Скарлет кажува дека коментарите биле малку изменети за да се добие кликбејт, ама ние би се кладеле дека некој од агентите ја има искарано дека претерува со „имањето свое мислење.”
„Прашањето што го одговарав во разговорот е извадено од контекст, се работеше за конфронтацијата меѓу политичката коректност и уметноста,” вели таа. „Јас лично мислам дека во идеален свет, било кој актер би требало да може да глуми било кого, а уметноста во секоја форма треба да биде имуна на политичка коректност. Тоа ми беше поентата, иако не звучеше така.”
За крај додава и дека:
„Препознавам дека реално, има недоследности кај мојата индустрија која фаворизира бели, цис-родови актери и не секој добива иста можност како мене. Продолжувам да поддржувам, како и секогаш, диверзитет во секоја индустрија и ќе продолжам да се борам за проекти во кои ќе бидат вклучени сите.”