Што има интересно во книгата на Мишел Обама

Многу, многу работи. Мемоарот „Becoming”, е полн со досега необјавени приказни и анегдоти од нејзиниот живот, и како дете, и како девојка и како жена (на претседател на САД). Раскажува доста ствари за себе, и баш е таква каква што ја замислуваме.

На колеџ ѝ кажале дека „не ја бива за Принстон”

И тоа, без разлика што била најдобра во генерација, во студентски парламент, член на здружение што се вика National Honor Society и сестра на студент на Принстон. Се пријавила секако и ја примиле.

„Немав намера да дозволам мислењето на една личност да ми ги помести убедувањата во врска со себе,” вели таа.

Во претседателската лимузина рокнале Бијонсе

Ова после парадата за инаугурацијата на Барак.

За чувството кога станала прва црна Прва дама:

„Како единствена прва дама - афроамериканка, бев ‘поинаква’ по дифолт. Ако ги ценеле моите бели претходнички, знаев дека со мене ќе биде потешко. Морав да бидам подобра, побрза, попаметна и посилна од кога и да е. Морав да ја заработам репутацијата.”

Во однос на гардеробата, линијата била тенка

„Морав да се истакнам без да засенам други, да се вклопам но не и да се изгубам. Како црнкиња, знаев и дека ќе ме критикуваат ако се занесувам, и ако сум премногу формално облечена, а и ако сум премногу кежуал. Па, мешав. Носев Мајкл Корс сукња, со маица од Гап. Па следен пат, носев нешто од Таргет со нешто од Дајен фон Фурстенберг.

Животот во Белата куќа го сметала за патријархален

„Барак беше опкружен со луѓе чија работа беше да го третираат како скапоцен камен. Понекогаш чувството беше како да си се вратил во времето, кога семејството е посветено само на потребите на мажот, а тоа беше спротивно од она што сакав да го научат моите ќерки како нормално.”

Книгата е инаку попродавана од 50 нијанси сиво (фала богу веќе!) и наскоро ќе излегува и на македонски, во случај да имате деца што сакаат да читаат.

уште 

23 јануари 2019 - 00:00