Најки ќе пушта тематски патики за Halloween

И на пример, не знаеш што да се маскираш (еве нека не е Ноќ на вештерките, добро еве не е наш празник, сфативме, во ред е, спиј мирно, еве нека е 1-ви април) и ти текнува дека имаш патики со костурски елементи на нив и доволно е само нив да ги облечеш и се чувствуваш како дел од журката.

Најки тоа го овозможува оваа недела, кога на денот Halloween во продажба ќе пушти обични бели Ер Форс, со име Skeletal Force (умно!), со цртеж од коските на стапалото.

Коските ќе бидат испечатени и внатре и коски ќе го формираат логото на брендот на јазикот. И ќе светат во темница.

Ќе бидат 130 долари и ќе се продаваат на SNKRS апликацијата, од 10 сабајле (ЕТ, што значи 4 попладне по наше), што значи, ако имате човек по свет што може да ги нарача… спремајте се.

Плус, споделете ако апликацијата и шипингот функционираат кај нас, ние како ви кажуваме вакви работи.

п.с. Патиките одговараат и со ова.

30 октомври 2018 - 00:00