Главната болка е Твитер, ама зад него „ред се редат“ кој од кој од глобалните технолошки гиганти, а освен простор за галамење, Трамп директно почна да губи и пари.
За денес е закажана опсадата на седиштето на Твитер од симпатизерите на Трамп, откако социјалната мрежа одлучи комплетно да го избрише профилот на американскиот претседател.
Кога еден човек долго и континуирано се храни од еден ист проток на информации, без разлика дали е тоа Сиенен или Фокс, тој веќе не може рационално да согледа ситуација, освен да ја толкува во наративот во кој „информативно живее“. Тоа се оние моменти кога на слава ќе се шокираш колку тоа се просељачил некој вујко, ама и тој ќе се шокира како е можно да си толку слеп.
Како што нападот на кулите близначки беше искористен како преттекст за повеќедецениска инвазија на Авганистан, како што лажните наводи за хемиското оружје на Садам беа употребени како алиби за окупација на Ирак, се предупредуваше дека безумниот упад во Капитол ќе биде увертира во 'новото нормално' - сеприсутна полиција на мислите и говорот при што моќни приватни компании ќе суспендираат политички неподобни ликови и идеи. Лично Доналд Дамб е најмала секирација.
На пладне (по тамошно време) во средата илјадници луѓе се собираат во близина на Белата куќа на „Спасете ја Америка“ митингот, каде говор има и американскиот претседател Доналд Трамп. Како што завршува неговиот говор, така толпите тргаат кон Капитол хил. Веќе во 13:10 почнуваат кошкањата на барикадите пред Конгресот.
На неколку недели пред гласањето во 2016 кога медиумите само што не ја преселија Хилари во Белата куќа, Мајкл Мур, на сериозна лична штета, јасно порача дека Трамп ќе победи. И така бидна. За сега, има само предупредување дека тоа може да се случи.
Само што не сме катапултирани низ разлабавениот сфинктер на 2010-те, а искрено и ова чекање е вишок. Ова беше ужасна деценија, полна со гнев и катастрофи на секој чекор. Но, каде точно 2010-те тргнаа на лошо?
Такви се на пример Хилари Клинтон, Меланија Трамп, Кери Симондс… Делат живот со моќни мажи кои другите жени (а можеби и нив) ги третираат ужасно. И, без разлика дали е тоа фер или не, и тие некако треба да одговараат за неприкладното сексуално однесување и политички гафови на нивните сопрузи и дечковци.
А не е. Римо-католик е, со италијанско потекло. Ама смета дека во однос на Сорос, тој е поголем Евреј. И уште рекол дека Сорос е едно одвратно човечко суштество. За тоа не знаеме.
Пред не повеќе од 7-8 години најголемиот дел од луѓето ги користеа мобилните телефони за пораки, за разговори и главно за чување во џеб. Време кога никој не ни помислуваше на 10 секунди да го проверува телефонот.
Во сенка на импичментот на Трамп релативно тивко помина обелоденувањето на долгоочекуваниот извештај на генералниот инспектор на американското министерство на правда во кој, според независните, се крие скандал од историска магнитуда. И во врска со ФБИ и во врска со американските медиуми.
Не сме Мексико, ама ги имаме сите симптоми на нарко-држава, изјавува првиот човек на најголемиот полициски синдикат во Холандија. На растечката вознемиреност во земјата претходеше убиство на 44-годишен адвокат во Амстердам, сред бел ден, пред жена му.
ЕУ ја завршува 2019 беспомошна и со кренати раце од своите најголеми предизвици. Ако оваа стагнација продолжи, единственото прашање е дали Европа ќе се претвори во сателит на САД или на Кина.
За оние кои се надеваат на упристојување на американската политика и нејзино ослободување од забеганите центри на моќ, не може да има вистински победник во актуелнот импичмент на Трамп. Или тој ќе го закова вториот мандат или корумпираниот естаблишмент на Демократите ќе го устоличи реакционерниот Џо Бајден.
Америка располага со многу мало влијание со кое би можела да го спречи комплетирањето на Северен тек 2 проектот меѓу Русија и Германија, изјавуваат двајца високи функционери од американската администрација, признавајќи ја капитулацијата на повеќегодишните напори за спречување на соработката.