За биолозите, вљубениците во природата и птичарите како Илија, Галапагос е туристичка дестинација од соништата. Лоциран во Пацификот на 1000 километри од јужноамериканскиот континент, овој архипелаг се состои од 19 острови кои се дом на различни видови птици, игуани, желки и други суштества кои ја инспирирале теоријата на еволуцијата на Дарвин, а сега и перото и фотоапаратот на Илија.
Во 1933, Парамаунт вади ПР пакет за новата старлета со која имаат потпишано - Дона (или Доуна) Дрејк, совршено вклопена во идеалот за убавина во тоа време - порцеланска кожа, русокоса, згодна... И црнкиња. Само што, тоа го немало во ПР-от.
Еден од најголемите тимови во Формула 1, Скудерија Ферари го претстави својот нов болид за новата сезона 2024. Болидот не наликува на неговите претходници и во Ферари сметаат дека е апсолутно најдобар досега. Новата сезона почнува со трка за Големата награда на Бахреин закажана за 2-ри март. Новиот болид на Ферари ќе го возат членовите на овој тим Карлос Саинц и Шарл Леклер кои ќе пробаат да ги тргнат од тронот Ред Бул и Макс Ферстапен.
Две преслатки цуци, самоуверени и освестени, зборуваат за своите високи стандарди за спротивниот пол. Едната се лади ако дечкото не вежба, другата ако е белец. Сакаат да е многу богат, многу црн, да им се купуваат подароци, да им се плаќа кирија, да се носат на товење, пардон шетање. И да, на жените им било потешко, бидејќи се сексуализирани. Па не може боље од ова!
Или, ако сакате cultural appropriation - она што важеше кога белци се маскираат во индијанци или гејши, или дебатите околу нијанси како долги нокти и плетенки.
По сјајните сезони во Будуќност Подгорица, Дејан Милојевиќ добил богати понуди од Динамо Москва и од Црвена звезда, но сакал да работи со тренерот Душко Вујошевиќ и потпиша со Партизан. Со белградските црно-бели играше во Евролига и играше во две финалиња на Јадранска лига.
Мнозинството возрасни Американци се задоволни од одлуката на Врховниот суд да забрани при прием на факултет да се бодува и расата и етничката припадност, практика која ја имаа воведено многу инстутиции во име на поголемата вклученост на разните групи. Задоволни се не само белците туку и луѓето со азиско и хиспано потекло, па дури и црнците чиј прием опаѓаше и покрај позитивната дискриминација.
Во големото белградско вечно дерби во 19. коло од кошаркарска Евролига, Црвена звезда со 88:72 го совлада Партизан и ја забележа и втората победа по ред по онаа со Фенербахче во Истанбул. Во белградска „Арена“ вриеше како во котел.
Славни бразилски имиња одиграа хуманитарен натпревар поделени црни на бели. Зико вака го гледаш со мев и со бавни движења, што е нормално за годините, ама мозокот уште му работи за фудбал.
Англиски новинар се обидува да долови атмосфера од земја каде не е така лесно да се биде гостин и присуствува на квалификациски меч за азиски Куп меѓу Северна Кореја и Либан. Стадионот е полн, сите се скоцкани во бели кошули и црвени кравати, забрането е да се сликаат џандари, нема продажба на навивачки реквизити, тешко се стигнува до било ваква информација.
Бразилскиот тренер Вандерлеј Луксембурго беше селектор на „Селесао“ на неколку големи натпреварувања а покрај него стасаа играчи како Роналдо, Роберто Карлос, Едмундо, Ривалдо и други. Играчите редовно се чуделе на неговиот карактер.
Македонската мрза не чини ама и тоа јапонската опседнатост со работа има своја опачина. Откако се изнаработиле за доброто на својата компанија и татковина, старите Јапонци тераат старост во која нема кој да провери ни дали се живи. 4.000 стари луѓе умираат секоја недела, сами, најсами во свет. Ни деца, ни пријатели, ни куче, ни маче.
Американците си ги допираат мобилните во просек повеќе од 2600 пати дневно. Населението на САД прди околу 3 милиона пати во минута, но лајкува постови на Фејсбук околу 4 милиони пати во минута. Некако сме среќни што нема ваква статистика за Македонија.
Многу е едноставно. Како мала сакаш во Дизниленд и сакаш стаклени штикли како на Пепелашка. Кога ќе пораснеш сакаш на ревија на Шанел, со Лагерфелд ташна.
Рок ѕвездата Џони Халидеј (или Алидè, како што се изговара на француски), кој почина на возраст од 74 години од рак на бели дробови, е најуспешниот музичар во историјата на Франција. И покрај феноменалниот успех во својата земја, малкумина го знаеа вон неа.
Лина Данам е веројатно првата личност што излажа за нејзиното наводно силување, па објави дека на сите жени и нивните тврдења треба да им се верува, па после јавно обвини жена дека лаже дека била силувана.
Кога се дозна минатата недела дека Конде Наст го праќа Тин Вог во историја, општата реакција беше „Зошто сега, кога баш добро му иде на брендот?” Но за првата генерација читатели што лепеа постери и исечоци по кревети и ѕидови, неговото значење воопшто не зависи од релевантноста.
Речиси две децении откако феминистките застанаа на страната на Бил Клинтон, најупадливата работа околу моменталниот наплив на обвинувања за сексуални напади и малтретирање, не е ниту сеприсутноста, ниту ликовите кои тоа го извршиле, туку тоа што луѓето им веруваат на жртвите.
Ќе го искористиме Њу Делхи за да доловиме една друга, локално важна поента. Корисно е кога непријателот ќе добие име, затоа што така и борбата против него станува поопиплива. Ама не е корисно кога тоа име затскрива уште поопасен непријател. Денес сите горе-долу знаат за ПМ10 честичките. А со оние посмртоносните, ПМ2,5, што правиме?
Бројот на пушачи меѓу возрасните во САД е паднат од 42% во 1965 на 15% во 2015. Како што оваа опасност почнува да се стишува, така научниците почнуваат своето внимание да го вртат кон животни ризици кои се во подем и зафаќаат се поголем удел од црните статистики.
Досега се научивме дека Тамблр е чуден. Луѓето таму како да се такмичат кој ќе креира побизарен блог, па резултатите се многу често од овој тип: Black And WTF. Се работи за чудни историски фотографии, се разбира црно-бели, и среќа - авторот на блогот објаснува по нешто околу нив, инаку ќе треба да си скролаш подзинат. Не за сите.