Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Галама.
Во природата, што значи и во нас самите и нашето опкружување, постојано има проток на енергија од кој зависи нашето здравје, расположение, животен статус. Затоа внимателно погледнете во својот гардеробер и ослободете се од некои парчиња облека кои привлекуваат негативни енергетски вибрации.
1.Стара ноќница/пижами
На износената и стара пижама не и е местото во вашиот плакар. Пронајдете нова, поудобна и поквалитетна замена која долго ќе ви потрае.
2.Фустанот кој сте го носеле на повеќе од пет свадби
Или поголема бројка. Значи, време е неговото место да го заземе некој друг фустан кој ќе го носите на свечености.
3.Облека на вашиот бивш партнер
Во овој случај не станува збор само за облека која непотребно го зазема вашиот простор, туку и за отстранување на емоционалниот терет, после што ќе се чувствувате многу подобро.
4.Износени брусхалтери
Повеќето градници го губат својот првобитен облик после година дена често носење. Сепак, на вам останува да процените колку вашиот градник е износен и кога е време да го фрлите.
5.Бесплатни маици
Маици со различно лого и рекламни натписи, а особено оние што ги делат во период на политички кампањи, а никогаш не сте ги облекле, можете да ги направите корисни така што ќе ги претворите во крпи за чистење прашина.
6.Бели маици кои пожолтеле/помодреле
Белите маички се неизбежни. Но, доколку пожолтеле или помодреле и не може да избелат, тогаш нема смисол се’ уште да ги чувате во вашиот плакар.
7.Облека што не ви одговара
Алиштата кои ги чувате веќе со години, а кои не ви одговараат или не ви се удобни, исфрлете ги од плакарот и направете простор за нови парчиња во кои ќе се чувствувате удобно и пријатно.
8.Облека од „минатиот“ живот
Алиштата од средношколските и факултетски денови, не ги носите веќе подолг период, но секако, се’ уште ги чувате во вашиот плакар. Време е да ослободите простор за облека која ќе ја носите.
9.Неспарени парчиња
За неспарени чорапи, ракавици и обетки, повеќе нема место во гардероберот. Тоа се работи кои се лесно заменливи, па нема смисол да ги чувате.
10.Оштетени закачалки
Оштетените закачалки не се баш од некоја корист па можете слободно да ги исфрлите од плакарот.