Од Ферари велат дека новиот болид SF-24 е почеток на една нова ера. Дизајнерската екипа предводена од Енрико Кардиле имала задача на Шарл Леклер и Карлос Саинз да им овозможи лесен болид кој реагира предвидливо а појдовна точка им било позитивното чувство кое возачите го имале во кокпитот на неколкуте последни трки од минатата сезона.
„Целта е да им се овозможи максимално да го користат агрегатот, во комбинација со несомнена вештина со воланот“, велат од Ферари.
.@charles_leclerc gets a taste of our new SF-24! 🔥 pic.twitter.com/HO1sofLuzo
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 13, 2024
На прв поглед болидот изгледа мошне поинаку од своите претходници, а исто е и со бојата. По одличниот прием во Лас Вегас минатиот ноември 2023-та, белата боја се враќа заедно со жолтата која отсекогаш била втора боја на Ферари односно врската со родниот крај на овој гигант, италијанскиот град Модена.
Жолтата боја на болид на Ферари не е видена уште од 1968-ма година, а годинава е впарена и со бели пруги.
„Очекувам исчекор во однос на минатата година кога болидот е во прашање. Од впечатокот кој го стекнав во симулаторот, мислам дека е сработена добра работа. СФ-24 би требал да биде помалку чувствителен и полесен за возење“, вели Леклер.
Say hello to the SF-24 #F1 @ScuderiaFerrari pic.twitter.com/g4JBYmSlGp
— Formula 1 (@F1) February 13, 2024
Карлос Саинз додава:
Им се радувам на возењата, да видам дали е во сооднос со впечатокот кој го имав на симулаторот, а тоа е дека новиот болид е чекор понапред во однос на минатат година“.
Предсезонските тестови ќе се одржат од 21-ви до 23-ти февруари во Бахреин а новата сезона почнува на 2-ри март.