Е сега, и за естетиката на „мафијашка сопруга“ што ни се наметна со молњевита брзина се жалат дека се краде. Реални мафијашки сопруги на ТикТок викаат „Мојата култура не ти е костим“.
Трендот е за бунди, нападен златен накит, тапирани коси и долги нокти. Такви жени сме виделе во „Кум“, „Сопранови“ и слично - стојат мирно покрај нивните сопрузи кои се бават со организиран криминал.
Сепак, минатата недела Американки со италијанско потекло се побунија, а меѓу нив и реални сопруги на бивши мафијаши и се пожалија дека трендот (кој главно го тераат бели жени) е културолошко присвојување.
Една ТикТокерка сподели некои свои искуства како мафијашка сопруга.
„Шминка на мафијашка сопруга не е шминка. Тоа е животен стил, а вие не сте Италијанки и изгледате глупо. Сите што го пробувате трендот само личите на (бели) сељанки.“
Од друга страна па црнките и латинките се спротиставија на крииката, велејќи дека белите допрва ќе видат што е културолошко присвојување.
Инаку, главна улога во поврзувањето на Италијаните со организиран криминал има Холивуд - што Италијаните пак го сметаат за регресивен и лажен стереотип. Мафијашите и општо мафијата не се ограничени само на Италијани, ниту пак виралниов тренд се однесува само на нив.
Затоа се поставува прашањето што точно се присвојува кога се работи за естетиката на мафијашка сопруга?