Душко Вујошевиќ се раплака во емисија: „Отиде најдобриот што сум го тренирал“

По сјајните сезони во Будуќност Подгорица, Дејан Милојевиќ добил богати понуди од Динамо Москва и од Црвена звезда, но сакал да работи со тренерот Душко Вујошевиќ и потпиша со Партизан. Со белградските црно-бели играше во Евролига и играше во две финалиња на Јадранска лига.

„Отиде најдобриот човек кого сум го тренирал, прерано и изненадно. Немам зборови со кои можам да ја опишам неподготвеноста да прифатам вака страшна вест и огромна болка. Во оваа прилика изразувам најдлабоко сочувство на семејството Милојевиќ и на навивачите на Партизан.

На него секогаш можеше максимално да сметаш, на натпревар и тренинг. Да бидеш сигурен дека тоа што е важно ќе го направи на најдобар начин“, рекол Вујошевиќ за Спортклуб.

Имено Дејан Милојевиќ во знак на респект кон својот кошаркарски татко Душко Вујошевиќ одби да седне на клупата на белградски Партизан во 2015-та кога овој го напушти клубот.

Најдобрите поени на Дејан Милојевиќ за КК Партизан:

Развојот и пресвртницата на Јокиќ со помош на Милојевиќ

Почина Дејан Милојевиќ

Сите натпревари во НБА започнаа со минута молк за Деки

18 јануари 2024 - 10:54