- Српскиот кошаркарски стратег доживеал срцев удар на тимската вечера во ресторан во Солт Лејк Сити, во очи на мечот меѓу Јута Џез и Голден Стејт, кој веднаш беше одложен.
- Роден е на 15 април 1977-ма година во Белград. Со СР Југославија стана Европски првак во 2001, а во кариерата настапуваше за ФМП, Будуќност, Партизан, Памеса Валенсија и Галатасарај.
- Како тренер работеше во Мега Баскет и Будуќност, а во 2021 година почна да работи во Голден Стејт како помошник тренер.
- Завршувањето на УС опен донесе големи промени на АТП-листата, а најголемо внимание предизвикува падот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер од денеска повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери во светот.
- Јаник Синер останува прв со 11.500 бодови, но неговата предност пред Александар Ѕверев е значително намалена. Германецот по освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до 8.990 бодови и дополнително се доближи до лидерската позиција.
- Карлос Алкараз ја задржа третата позиција со 5.560 бодови.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.