Дејан Милојевиќ важеше за еден од најталентираните европски тренери кој во НБА ги прати Никола Јокиќ, Василије Мициќ, Немања Дангубиќ, Тимоти Луваву Кабаро, Ивица Зубац, Раде Загорац, Влатко Чанчар, Огњен Јарамаз, Алфа Каба, Гога Битадзе и Марко Симовиќ.
Беше познат и по работата со млади играчи, а она што го направи за Јокиќ никогаш нема да биде заборавено. Милојевиќ беше тренер на Мега од 2012 до 2020-та, период во кој Јокиќ имаше неверојатен напредок со него во трите сезони кои ги одигра.
Во 2015-та беше најдобар играч во АБА лигата и од тогаш почна неговиот подем. Потоа замина во НБА и стана заштитно лице на Милојевиќ. Во Мега дојде како буцко кој сака да јаде бурек и да пие кока кола, велеше Милојевиќ низ насмевка.
„Ангажиравме нутриционист и нашиот фитнес тренер Марко Ќосиќ, кој е навистина врвен тренер, направи фантастична програма за работа. Му одреди начин на исхрана, а ние се убивме од работа на тоа, но видовме дека не оди во очекуван правец. И тогаш сфаќаме дека појадува пола кило бурек и пие шише кока кола. Тогаш сфаќаш дека тоа мора да се промени. Со Ќосиќ многу го смени телото и тој е многу заслужен што стигна до ниво да се бави со професионален спорт“, објаснуваше Милојевиќ за Јокиќ.
„Кога си замина од Мега беше потпросечен во однос на НБА лигата, а можете да замислите каков дојде. Тој напредок беше неверојатен. Во АБА лигата беше доминантен, МВП, Партизан беше навистина силен таа година, а он постигна 40-ина поени против Мачван кој е одличен играч. Како 20 годишно дете доминираше против тогашниот Партизан. Екипите на Дуле се тешки, но тоа дете успеа против нив. Тоа беше показател дека ќе стане она што е денес. Не очекував дека ќе биде најдобриот центар или меѓу првите три центри во светот, но очекував дека ќе има добра кариера во НБА“.
Според зборовите на Милојевиќ, Никола ја сакал кошарката, но не сакал да тренира.
„Секоја атипичност доведена на врвно ниво е тешко да се одбрани. Луѓето често ме прашуваат `Како игра така?` Па, тој начин затоа што игра поинаку. Имаte плејада на врвни играчи кои играат на еден сличен начин, а Никола игра од земја, со две нозе на паркет, од каде може во секој момент да направи финта. Шутира пред да скокнат другите. Цела сезона ги чуваш играчите кои играат на еден начин, а потоа доаѓа Никола, кој игра на друг начин. Има широк опсег на раце, шутира зад глава, што е многу тешко да се блокира, ги користи двете раце, многу го бива и со двете, а еден на еден тешко се чува“.
Инаку во 2020-та, Јокиќ го воодушеви Милојевиќ откако се појави на неговиот проштален меч во Мега, патувајќи од САД до Србија и тоа за време на припремите на сезоната во НБА.
Тоа беше спектакуларниот проштален натпревар на тренерот Дејан Милојевиќ по цела деценија мината во КК Мега Бемакс, каде дебитираше Јокиќ како играч.
На паузата по првата четвртина, НБА ѕвездата и ученик на Милојевиќ, на својот поранешен тренер му подари фото албум по повод 10 години минати во Мега, по што Деки пушти солзи од возбуда.