Таг: дејан милојевиќ

Емоции до небо во Белград, Партизан и Мега се простија од Дејан Милојевиќ

Кошаркарите на Партизан и Мега се сретнаа во 17-то коло од АБА лигата, натпревар кој мина целосно во знакот на прерано починатиот кошаркарски стратег за кој тагува цела Србија и пошироко.

Штама меѓу Делии во чест на починатиот Партизановец

Големото градско ривалство во Белград синоќа барем за момент беше во втор план. На мечот од Евролигата меѓу Црвена Ѕвезда и Басконија, цела Штарк арена го испочитува поранешниот играч на Партизан, Дејан Милојевиќ кој почина од инфаркт на само 46 години.

Деки пред 9 дена: Сакам секој ден и секоја година да ми бидат убави и весели

Многу луѓе од кошаркарскиот свет се скршени поради смртта на Дејан Милојевиќ, затоа што важеше за голем борец, карактер и пред сè предобар човек. Во последното интервју вели дека ги сака годините кои ги има, бидејќи во нив го научил најдоброто нешто што во животот, а тоа е да ужива во моментот и да не прави долгорочни планови.

Развојот и пресвртницата на Јокиќ со помош на Милојевиќ

Велат дека да не постоел Дејан Милојевиќ, Никола Јокиќ немаше да биде тоа што е денес. Беше познат како еден од ретките тренери од Европа кој имаше привилегија да работи во НБА, каде прати дури 11 играчи на драфтот.