Емоции до небо во Белград, Партизан и Мега се простија од Дејан Милојевиќ

Кошаркарите на Партизан и Мега се сретнаа во 17-то коло од АБА лигата, натпревар кој мина целосно во знакот на прерано починатиот кошаркарски стратег за кој тагува цела Србија и пошироко.

На збогувањето со Милојевиќ кој почина од срцев удар на 46 години, во Штарк арената имаше 23.021 навивач, што е апсолутен рекорд во АБА лигата.

Во Партизан Милојевиќ настапуваше во два наврати, а тренерската кариера ја почна токму во Мега која ја водеше осум години.

Партизан и Гробари се погрижија за величествено испраќање на саканиот Деки. Во преполнетата сала владееше колективна тага на играчи, тренери и негови пријатели.

Клубот го стави дресот со број 13 на едно од столчињата на клупата, играчите се појавија во маици со број 13, а навивачите нацртаа графит со ликот на Дејан.

Пред едноминутното молчење, имаше долго, неколку минутно скандирање на негово име кое беше проследено со пиротехничко шоу, а на видео бим беше пуштено видео од неговите играчки денови во Партизан.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by KURIR sport (@kurirsport_)

23 јануари 2024 - 08:31