Американскиот Врховен суд забрани во високото образование расата да биде земана предвид при приемот на студенти. Одлуката конкретно се однесуваше за приемните процеси во Харвард и Универзитетот во Северна Каролина, две од институциите даваат екстра поени за апликантите од одредени недоволно застапени групи.
Мнозинството возрасни лица во САД од различни раси и етнички групи ја оценуваат одлуката на Врховниот суд за укинување на „позитивната дискриминација“ како добра. Општо, такви се 68 отсто.
Мнозинството бели, хиспано и азиски возрасни оценуваат дека крајот на ваквата политика е „главно добра работа“. Најмал, но сепак мнозински процент има кај црните возрасни (52%).
И покрај децениски долгата пракса за позитивно дискриминација при упис на факултет, запишувањето на црни студенти опаѓа: од 2,5 милиони во 2010 година на 1,9 милиони во 2020 година.
Постарите црни возрасни луѓе почесто ја гледаат пресудата како негативна од помладите, покажувајќи поголеми генерациски разлики отколку кај другите раси.