Тамблр за чудни црно-бели фотографии: Black and WTF

Досега се научивме дека Тамблр е чуден. Луѓето таму како да се такмичат кој ќе креира побизарен блог, па резултатите се многу често од овој тип: Black And WTF. Се работи за чудни историски фотографии, се разбира црно-бели, и среќа - авторот на блогот објаснува по нешто околу нив, инаку ќе треба да си скролаш подзинат. Не за сите.

1. Макс Фактор демонстрира „научна направа” - Микрометар за убавина, кој открива дефекти кај женската убавина, невидливи со голо око.

Глупости тешки.

2. Најверојатно хауба?

3. Сликата е најдена со опис: „многу си го сакаше мечето.”

4. Машина за правење дупчиња на образите. Се прашувам зошто уште не се продава.

5. Манекенката Моник ван Ворен кугла со кенгур.

6. Гавран покрива дете што спие.

7. Морнар си ги гледа жената и бебето после 14 месеци.

Сè уште не знае како се држи бебе.

8. Преплавен со огромна количина машки пролетни и зимски капути, еден сопственик на бутик во Копенхаген си прави една уникатна шема за продажба. Прави скеле околу зградата каде што е неговиот дуќан и од горе до доле обесува повеќе од 1000 капути. Овој начин на изложување привлекол толку многу потенцијални муштерии, што морало да се вика полиција. Иако полицијата наредила да се тргне сè, продавачот успева да ги продаде сите капути.

9. Фриц, булдог и телевизиска ѕвезда го бричат во Калифорнија.

10. Miss Shapely Silhouette Beauty Competition. Нешто како Мис Силуета, па не смее да се гледа лицето.

11. Маратон во танц.

12. Мерење должина на купачи. Ако се премногу предизвикувачки (читај: кратки) - те бркаат.

Black And WTF

31 октомври 2017 - 18:07