Петта година по ред ФИФА ќе ја додели наградата за гол на годината. Но кога треба да се изберат 10 кандидати секогаш е држ не дај, зошто одредени голчишта не влегуваат во тој тесен круг. Ова му доаѓа како алтернативна листа на 10 голови кои се игнорирани. Меѓу нив три се од Англија која нема свој кандидат. Чудно е како од оваа листа нема место барем за ножичките на Шаќири и слаломот на Појет.
Поранешниот фудбалер на Милан и Шалке, Кевин-Принс Боатенг (29) игра одлична сезона во најголемото изненадување во Ла Лига, Лас Палмас. Ганецот веќе даде четири гола во осум кола, кој од кој поубав и потсети дека не е за старо железо.
По една акција на која сигурно би позавиделе Меси, Нејмар и Луис Суарез, Лас Палмас покажа дека она што го гледаме на Плејстејшн е можно и во реален фудбал. Завршницата е на Кевин-Принс Боатенг.
Комплиментите на адреса на одбраната на Атлетико Мадрид не чудат веќе никого - последната година екипата на Диего Симеоне е на врвот на елитата во Европа по совршената одбрана. Сега даваат и многу голови и се пред Реал и Барса на табелата.
По првите две кола им дадоа 4 гола на Валенсија и 5 на Гранада, а за да постигнат 9 гола лани им беа потребни скоро 3 месеци. За титула кладилниците им даваат коефициент 1.000, а не 5.000 како на Лестер. Навивачите се шегуваат дека барем името им е полесно за изговор. Лас Палмас.
Многу добри играчи на Валенсија го напуштале клубот и заминувале во лутите ривали, но ниту еден никогаш не ги растажи навивачите како Пако Алкасер, фудбалерот чијшто татко почина на трибините на родниот клуб на синот.
Уште како ученик во школото играл со скршена рака и стопало, никогаш не се предавал и играл до крај. Техниката која што ја поседувал во младинците била на ниво на соиграчите Чави и Фелипе Ортис. Тренерите во Барса Б се скарале поради него. Едни биле да си оди, други да остане.
Арсенал во последните години важи за најшарениот клуб кога во прашање се националноста и религијата на играчите. Пред неколку дена меѓу „Топџиите“ стигна и фудбалерот кој сака да купи куќа во село Маврово и секоја година доаѓа во Гостивар.
Не пишуваме само за Барса и Реал. Нас нè интересира каков фудбал ќе игра Гранада со Пако Хемес, нè интересира како ќе изгледа хипстерскиот состав на Лас Палмас со Боатенг и Ливаја, што ќе направи Сампаоли со Севиља и што ќе биде со Нани во Валенсија?
Добро, јасно е дека август пред се ќе мине во знакот на Олимпијадата, ама за тие кои уживаат во спортски викенд со гледање фудбал, вртење билтен и следење резултати, треба да знаат што ги чека уште малку.
Пред последната рунда од шпанскиот фудбал, Барса му бега еден бод на Реал Мадрид. Во финишот и двете екипи гостуваат, а еве ги случаите низ историјата на шпанскиот фудбал кога еден тим ја загубил титулата во последното 38 коло.
Англиската Премиер лига е најдобра фудбалска лига на светот. Тоа го тврдат англиските навивачи, англиските новинари. Велат, на Островот се игра најдинамичниот и најдобриот фудбал.
На местото на отпуштениот Гери Невил кој имаше мизерен учинок, Валенсија за главен тренер го постави Пако Ајестаран, долгогодишен помошник на Рафа Бенитез. На неколку кола до крајот, што може да се очекува од „лилјаците“?
Капитенот на Рома ја игра 24-та сезона по ред со Џалороси, во Европа никој како него, но рекордот го држи неговиот поранешен компањон кој денес игра во Верона: Лука Тони смени 15 клуба во кариерата. Кои се најверни играчи во Европа?
Лас Палмас, тимот од Канарските острови е најтешкото гостување на Каталонците кои имаат негативен учинок против Канарците кога играат кај нив. Во што лежи причината?
Саботниот тикет на Мирјана не излезе поради Борусија Дортмунд и Глазгов Ренџерс. Одиме со шест нејзини предлози за денеска кои со 100 денари уплата носат 2.000.
По фамата која што се крена околу евентуалното доаѓање на Русинот Андреј Аршавин во Вардар, се обидовме да видиме кои други играчи немаат работа во моментов а би можеле да тргнат на пат кон источна Европа, па и западен Балкан.
Англичанецот го одбра најлошиот момент во Валенсија за да стане тренер на овој клуб, а синоќа ги голтна зборовите од лани кога рече дека не би можел да ги гледа во очи фамилијарните доколку некогаш загуби 7:0.