Верност на еден клуб или авантуристички дух

Кои се најверни играчи во Европа а кои не

Капитенот на Рома ја игра 24-та сезона по ред со Џалороси, во Европа никој како него, но рекордот го држи неговиот поранешен компањон кој денес игра во Верона: Лука Тони смени 15 клуба во кариерата. Кои се најверни играчи во Европа?

Освоено Светско првенство со Италија, за малку ќе освоеше скудето со Рома, доби Златна копачка како најдобар стрелец во Европа и постигна преку 300 голови во кариерата, но Лука Тони има малку што заедничко со Франческо Тоти, особено не авантуристичкиот дух. Според анализата на ЦИЕС Фудбалската Опсерваторија, едниот е најверен играч во Европа а другиот најмногу пропатувал.
 
Франческо Тоти, кој 24. сезона по ред го носи дресот на Рома е фудбалер кој останал најдолго во клубот за кој дебитирал. На 28. март 1993. година српскиот тренер Вујадин Бошков му даде некоја минута на малиот Франческо на мечот Бреша - Рома. Тогаш малку кој верувал дека тоа момче од 17 години ќе ја испише историјата на клбуот рушејќи ги сите рекорди.
 
24 години страст, верност и апсолутна посветеност поради кои им кажа не на многу клубови од Европа. Приказната со Тони е поразлична од оваа на Тоти.
 
Почна во Модена и смени 15 дреса (Модена, Емполи, Фиоренцуола, Лодиџани, Тревизо, Виченца, Бреша, Палермо, Фиорентина, Баерн Минхен, Рома, Џенова, Јувентус, Ал Наср, Верона) во 22 години кариера. Тој е фудбалерот што најмногу патувал низ Европа.

Две различни кариери одбележани со храбри одлуки, но секогаш опкружени со поддршка од навивачите. Тони уште собира аплаузи а Тоти на скоро 40 години го стана цел Бернабеу на нозе да му аплаудира.
 
Во Топ 5 лигите во Европа има 29 најверни фудбалери. Оние кои од почетокот на кариерата досега никогаш не го смениле дресот. Во Ла Лига во Шпанија има 14 вакви играчи, а најмногу доаѓаат од Атлетик Билбао (Итураспе, Гурпеги и Сусаета), тројца од Барселона (Меси, Иниеста и Бускетц), тројца од Реал Сосиедад (Мартинез, Гонзалес, Прието), двајца од Спортинг Хихон (Лора е Касес), еден од Виљареал (Бруно Соријано) и еден од Лас Палмас (Висенте Гомез).
 
Во Лига 1 има 6 фудбалери кои не мрднале од првиот клуб (Каузак, Гоналон, Журдрен, Саихи, Данзе и Перин), додека во Бундес лигата има четворица верни фудбалери (Бадштубер, Баргфреде, Шмелцер и Ховедес). Куриозитет е што сите играат во најголемите германски клубови. Во Италија и Англија има пет најверни фудбалери: Во Премиер тоа се Енди Кинг од Лестер и Тони Хиберт од Евертон, а во Серија А покрај Тоти се Даниеле Де Роси и Џанпаоло Белини кој не го напушти бродот на Аталанта дури ниту во Серија Б.
 
Што се однесува до оние авантуристите, листата брои 13 „Италијанци“, 6 од шпанската лига, 5 од англиската, 2 од француската и 2 од германската.
 
Зад лидерот Лука Тони е Маурицио Пиниља кој смени 14 клубови за 14 години кариера напаѓач. Во Италија Чилеанецот меѓудругото играше во Киево, Гросето, Палермо, Каљари, Џенова, Аталанта, како и Интер чиј дрес не го облече иако официјално беше нивен играч.
 
На третото место на подиумот со играчи кои смениле најмногу екипи е Квеси Апија, напаѓачот на Кристал Палас: 25 години, 8 години професионална кариера и веќе 13 сменети клубови. 12 сменил Хави Гуера од Рајо Ваљекано, а во Италија толку клуба смениле Алесандро Диаманти, Ервин Зукановиќ и Марко Бориело. Во Англија, младиот Андрос Таузенд, играчот на Њукасл досега сменил 11 екипи а има само 24 години.