Барселона и другите топ клубови летово потполно ја растурија Валенсија. Каталонците заедно со Арсенал ги земаа најдобрите играчи од секоја позиција на „Лилјаците“ од Местаља.
Од Валенсија на Камп Ноу се пресели Андре Гомеш, потоа во Лондон замина Шкодран Мустафи а сега после долги преговори спортскот директор на Барса го доведе и Пако Алкасер.
„Пакито во друг клуб“ е страшната приказна со која во последно време ги плашеле децата во Валенсија. Навивачите верувале дека Пако ќе стане локалниот Франческо Тоти и целата кариера ќе ја мине во родната Валенсија.
Пакито стана заштитно лице на Валенсија во последните неколку години, затоа што реши да остане дури и во најтешките и непријатни времиња за клубот. Алкасер е роден во една од најубавите предградија во градот - Торенте (9 километри до Валенсија). Често излегувал во најдобрите дискотеки во градот и луѓето го знаеле како „Детето од нашиот двор“.
Од таа причина, многу навивачи на Валенсија имаат своја историја со него (фотографија, автограм, муабет). Понекогаш кога излегувал од главниот влез на Местаља, тоа бил голем настан за градот, во рангот на латино-американскиот шармер Марк Ентони.
Пако обично бил опкружен од стотина навивачи, стрпливо одговарал на сите прашања и молби за фотографија. „Секако“ - одговарал фудбалерот кој после напорни 90 минути, уште толку делел автографми и се смеел во бројните објективи.
Пакито ќе го паметат како отворен човек кој и на последниот меч за Валенсија кога никој не знаел дека заминува, како по обичај излегол од соблекувалната, се фотографирал и муабетел со навивачите. Потоа со девојка му влегол во колата и заминал.
Дури и кога почнале да зборуваат за неговото заминување, Пако не го сменил односот. Пред една недела учествуваше на промоцијата на новиот тим за новата сезона на која го испратија легендарниот кабинер Еспањета, а потоа го одигра целиот меч против Лас Палмас.
Не даде гол, погоди една пречка, а после мечот тренерот на Валенсија, Пако Ајестаран изјави дека „Мустафи и Алкасер не се на продажба“. Се испостави дека и за двајцата ова беше проштален меч.
Пако Алкасер е дете на Валенсија. Со 17 години заедно со другиот валенсиски „кантерано“ Иско, дебитираше под раководство на Унаи Емери, а после освојувањето на Европското првенство до 19 години, тој ја почна сезоната во првиот тим.
И во првиот меч даде гол, на 40-годишното издание на пријателскиот турнир «Trofeo Naranja» на 12. август 2011 година против Рома. 18-годишниот Алкасер го прослави голот пред 40.000 навивачи.
Но тој ден бил трагичен за Пако и неговото семејство. „Имав само 18 години кога останав без татко“, изјави Алкасер чијшто татко бил неговиот најголем навивач.
Татко му, Франциско Алкасер се занимавал со земјоделие и имал 44 години. Заедно со сопругата Инмоја седеле на трибините и го бодреле синот. Уште на влезот на Местаља заедно со Пакито, татко му не бил добар. Кога завршил мечот тој имал срцев удар. Медицинскиот тим на Валенсија не можела да му помогне на Алкасер постариот и на 18 години Пакито останал без татко.
После тоа Пако секоја недела одел на местото каде последен пат го видел татко му жив. Слична тажна приказна се случи и во декември 2015. година, кога Валенсија дома играла против Барселона.
Алкасер во казнетиот простор на Клаудио Браво прими една топка, ги изработи Пике и Маскерано и му намести гол на Санти Мина во 86’ минута за 1-1. Тогаш некој навивач не го преживеал голот поради срцев удар.
„Би сакал да умрам така на 70-80 години“ му рекле некои од најзагреаните навивачи на Валенсија. Звучи морбидно, но сите биле искрени и никој од нив не можел да претпостави дека нивниот идол после шест месеци ќе премине во Барселона.
По веста за трансферот на Пако кој го обвинуваа за предавство, навивачите сметаа дека тој никогаш не станал легенда како Давид Виља кој остави длабока трага на Местаља. „Телото и душата веќе не е со екипата“, кратко изјави тренерот Пако Ајестаран. И покрај тоа, Алкасар отпатува во Еибар и со дресот на Валенсија го следеше мечот од трибините.
Пакито веќе не е телото на тимот, но дали е душа тоа е прашање. После се што доживеал во Валенсија (целиот град не само тимот), тој замина кај конкурентот. Јасно е дека Пако вака одлучил после катастрофалната сезона кога искрснаа многу проблеми на Местаља. Го напушти клубот каде се вљубил во фудбалот. Клубот со кој израснал, ја прославил првата победа и ја преживеал смртта на татко му.
Најневеројатниот меч на Пако во Валенсија беше против Базел во 1/4 финалето на Лига Европа. После поразот од 3:0 во Швајцарија, Валенсија во реваншот славеше 5:0 после продолженијата, а потоа испадна во контроверзното полуфинале со Севиља. Мечот со Базел стана историски кој покажа дека клубот живее и дека младите играчи го носат. Пако тогаш го даде најубавиот хет-трик во кариерата. Тој стана херој на валенсискиот фолклор. На секој меч навивачите гласно го пееа неговото име на мелодијата од песната «I love you, baby» од Френк Синатра. Стана миленик на навивачкиот сектор «Curva Nord».
Луѓето толку се разочарани што заминал во Барселона што сега му пеат „Зошто замина од кај нас, Пако“? Така не беше кога Давид Виља кој бил ученик во Валенсија замина во Барселона во најдобрите години од кариерата. Некои дури и се решија да ја палат неговата 9-ка.
Во Валенсија, Алкасер беше ѕвезда, а во Барса ќе биде прв меѓу ендаквите. На Камп Ноу тој ќе има можност да игра добар фудбал и да учествува во Лигата на шампионите, а зошто да не влезе и во првиот состав. Иако ова последното нема да биде лесно.
Минатата сезона, Луис Суарез постигна 35 голови во Ла Лига и тоа без адекватна замена за него. Алкасер најверојатно ќе добива шанса во Кралскиот Куп. „Управите се менуваат, играчите и тренерите заминуваат, само ние ќе бидеме верни до смрт“, ќе продолжи песната на Местаља. Така беше пред 10 години, така ќе биде и сега. А Пако ќе носи убави спомени од родниот град.