Го држеа на клупа со месеци и Алкасер не можел веќе да издржи затоа што без играчко време не бил среќен па решил да замине од „Камп Ноу“. Се испостави дека одлуката да потпише со Дортмунд беше неверојатна затоа што Пако руши рекорди во Германија.
Многу добри играчи на Валенсија го напуштале клубот и заминувале во лутите ривали, но ниту еден никогаш не ги растажи навивачите како Пако Алкасер, фудбалерот чијшто татко почина на трибините на родниот клуб на синот.