Втората младост на Боатенг во Лас Палмас

Поранешниот фудбалер на Милан и Шалке, Кевин-Принс Боатенг (29) игра одлична сезона во најголемото изненадување во Ла Лига, Лас Палмас. Ганецот веќе даде четири гола во осум кола, кој од кој поубав и потсети дека не е за старо железо.

Против Валенсија во август:

Против Гранада, исто во август:

Страшната акција и евроголот против Виљареал во октомври:

Против Селта минатиот викенд:

Лас Палмас имаше 3 победи во првите 4 меча и беше на самиот врв, но во следните 6 меча не победи ниту еднаш (одигра 2:2 против Реал Мадрид, а во минатото коло се вратија од 0:3 на 3:3 против Селта). Во моментов Лас Палмас е 10. место.