Шпанецот со српско потекло кој е позајмен од Стоук во Мајнц, викендов му даде гол на Баерн Минхен и стана само седмиот фудбалер во историјата кој постигнувал голови во најдобрите 4 европски лиги. Кои се останатите?
Поранешниот фудбалер на Милан и Шалке, Кевин-Принс Боатенг (29) игра одлична сезона во најголемото изненадување во Ла Лига, Лас Палмас. Ганецот веќе даде четири гола во осум кола, кој од кој поубав и потсети дека не е за старо железо.