Флорин Радичоју
Италија - 22 гола (статистиките се само за првенствени натпревари) за Бари, Верона, Бреша и Милан (5+2+13+2)
Шпанија - 19 гола за Еспањол
Англија - 2 гола за Вест Хем
Германија - 4 гола за Штутгарт (на фото, од лево)
бонус- 2 гола во француската Лига1 за Монако
Романскиот напаѓач кој блескаше во ’90-те за репрезентацијата, во 1990-та од матичниот Динамо Букурешт прејде во Италија и во следните 15 години ја прошета цела Европа. Со Милан ја освои Серија А (93-та) и Лигата на шампионите (94-та).
Георге Попеску
Англија - 3 гола за Тотенхем
Шпанија - 9 гола за Барселона (на фото - против Фернандо Редондо во Ел Класико)
Италија - 3 гола за Лече
Германија - 1 гол за Хановер
Бонус - 23 гола за ПСВ Ајндховен во Ередивизија и 6 гола за Галатасарај во Турција.
Уште еден патувачки Романец кој во ’90-те и на почетокот на 2000-те играше во сите топ европски лиги а освои и Куп на УЕФА со Галатасарај. Играше како одбранбен фудбалер но тоа не му сметаше да дава голови.
Јон-Дал Томасон
Англија - 3 гола за Њукасл
Италија - 22 гола за Милан
Германија - 8 гола за Штутгарт
Шпанија -7 гола за Виљареал
Бонус - 112 гола за Херенвен и Феенорд во Ередивизија.
Данскиот шпиц во втората половина на ’90-те и цели 2000-ти настапи на две Светски првенства и на две Европски. Освојуваше титули во најдобрите европски лиги, а стигна и до пехарот во ЛШ со Милан.
За репрезентацијата играше подобро отколку во клубовите и даде 52 гола.
Пјер Воме
Италија - 6 гола за Бреша и Болоња (фото)
Англија - 1 гол за Фулам
Шпанија - 1 гол за Еспањол
Германија - 2 гола за Вердер
Камерунскиот лев бек е еден од ректите Камерунци кои никогаш не играле во Франција, но затоа играше на две Светски првенства (1998 и 2002), го овои златото на Олимпијадата во Сиднеј и даваше гол во најдобрите европски првенства.
Обафеми Мартинс
Италија - 28 голови за Интер
Англија - 28 голови за Њукасл (фото)
Шпанија - 7 гола за Леванте
Германија - 6 гола за Волфсбург
Бонус: 3 гола за Рубин во рускта лига, 40 гола во МЛС за Сиетл и уште 10 гола за Шангај Шенхуа во Кина.
Нигерискиот напѓач со неопределена возраст се изнадава голови во Италија и во Англија, но никогаш не стана суперѕвезда. Освојуваше Интертото Куп, англиски Лига Куп и руски Куп. На крајот стигна до Кина.
Кевин-Принс Боатенг
Германија - 10 гола за Херта и Шалке (4+6)
Англија - 3 гола за Портсмут
Италија - 11 гола за Милан
Шпанија - 10 гола за Лас Палмас
Ганецот до 30 години пробал се и сега се исправа одново.
Бојан Кркиќ
Шпанија - 26 гола за Барселона
Италија - 10 гола за Рома и Милан (7+3)
Англија - 14 гола за Стоук
Германија - 1 гол за Мајнц
Бонус - 4 гола за Ајакс во Ередивизија.
Шпанскиот напаач кој важеше за супер-ѕвезда во младинските категории на Барселона (преку 1.000 гола) никаде не успеа да ја пронајде правата средина. Но Бојан и натаму продолжува да пробува различни првенства.
Во моментов има 26 години така што ништо чудно ако смени уште неколку лиги до крајот на кариерата.