Што се случува во Ла Лига?

Шпанска кујна после осум кола

Комплиментите на адреса на одбраната на Атлетико Мадрид не чудат веќе никого - последната година екипата на Диего Симеоне е на врвот на елитата во Европа по совршената одбрана. Сега даваат и многу голови и се пред Реал и Барса на табелата.

Откако преживеаа две тмурни ремија на почетокот на сезоната, аргентинскиот тренер на Атлетико престана да користи двајца дефанзивци во средниот ред и му даде на капитенот Габи слобода да игра пред противничкиот гол, зад Гризман и Гамеиро.

Епилогот? Гол разлика после осум кола 21-3, најдобра во лигата до овој момент. Во просек даваат 1 гол по натпревар, постигнаа 2 од пенал и 18 од игра.

Што дознавме после 8 кола во Ла Лига:

1. Фудбалот се играше 24 дена без Меси, после што Лионел се врати на теренот и даде гол после третиот допир со топката.

2. Бетис се надеваше дека може да го изненади Реал кој имаше анархичен среден ред без повредените Модриќ и Каземиро, но Тони Крос работеше за нив двајца. Во моментов ниту еден играч во Топ5 лигите во Европа нема повеќе асистенции од него (5). Одлично „благодарам“ на Германецот за новиот богат договор.

3. Прандели не е чудотворец, но Валенсија станува се подобра по доаѓањето на овој тренер. Четворицата пред голманот на Валенсија уште не се доволно сигурно, но Парехо сам наоѓа начин да го носи тимот до победи. Славеа во Хихон, а домаќинот го забележа петтиот пораз по ред.

По повод валенсискиот менталитет. Практично веднаш по мечот со Хихон, првото прашање до Прандели било: „Мислите ли дека ќе можете да ја донесете екипата во зоната за Лига на шампиони“?

4. Севиља врза две победи по ред во Ла Лига после верувале или не 511 дена. Можете да пресметате колку време поминало од тогаш а Севиља освои два трофеи во Лига Европа, на местото на Емери за тренер го постави Сампаоли, ги продаде Банега, Криховјак, Гамеиро и Коке, ги купи Вието, Бен Једер, Мудо Васкес, Сарабиа и Насри.

Новиот тим на Сампаоли и натаму е многу сиров, посебно во делот на одбраната. Во сите линии премногу се потпираат на индивидуални акции. Но со ова темпо можат далеку да стигнат само после година дена работа.

5. Јаник Караско даде три гола и имаше две асистенции на мечот против Гранада. Атлетико ја оствари најголемата победа од почетокот на сезоната во Топ5 европските лиги.

6. Бетис првпат за 20 години прими 6 гола на својот стадион, а таков пораз навивачите не паметат уште од времето. Секако, Реал е сериозен противник, но Бетис како да им помогна на „Кралевите“ да им ја наполнат мрежата до врв.

Тренерот Густаво Појет ги слушна првите повици да замине од клупата, но на конференцијата за новинари зборувал дека луѓето безусловно му веруваат. Но да сфатиме дека системот на Појет не функционира не треба да читаме весници.

7. Баскиското дерби беше најспектакуларниот меч во неделата во Европа. Атлетик Билбао и Сосиедад секогаш нудат емоции и борба, но овојпат имаше и одличен фудбал. Триото Адурис-Раул Гарсија-Ињаки Вилијамс делуваше пострашно од ѕвездените триа на Реал и Барса.

8. За Леганес од детството. Како би значело да навиваш за еден клуб од самото основање? Пред мечот со Севиља, домаќините со посебна чест го удостоија 102-годишниот навивач на Леганес, клуб во кој овој човек бил сосиос уште од 14 години.

9. Селта ги проба своите лекарства. Виљареал го искористи истото оружје со кое фудбалерите на Виго ја згромија Барселона - агресивен притисок на противничката половина и импровизирани контра напади. Изгледаше дека по оставката на Марселино Виљареал не го чека ништо добро, но тимот уште не е поразен и ја дели третата позиција со Барса.

10. Пако Алкасер треба да оди во црква. Поранешниот напаѓач на Валенсија беше дизајниран за напаѓач на Барса, но уште не може да го најде патот до голот. Против Депортиво имаше 45 минути да покаже што знае но проклетството беше посилно од него.

11. Гранада прими 23 гола на 8 меча или во просек по 3 од натпревар. Раковдството на клубот и натаму верува дека отпуштањето на Пако Хемес после само шест кола беше добра идеа. Иако го срушија рекордот по примени голови, фудбалерот Хави Маркес изјави дека следниот меч против Спортинг Хихон „ќе биде клучен во сезоната“. А до крајот на Примера има уште 29 кола.

12. Изгледа дека Роналдо во Реал почна да игра како во репрезентацијата на Португалија, односно како полушпиц. Дали ова се однесува на актуелната форма или на возраста, не знаеме, но Португалецот се помалку оди на крило да бара топки.

Постигна гол против Бетис, но тоа му е само втор во првенството сезонава. Минатата година после 8 кола имаше 6 гола, а пред две години неверојатни 15!

13. Ремито без голови меѓу Лас Палмас и Еспањол не треба да ве чуди. Иако играа две екипи кои создаваат многу шанси (по 5 или повеќе по натпревар), овојпат мрежите мируваа. Во октомври Лас Палмас има посед на топка 73% од времето и дури 88% точни додавања.

14. Алеикс Видал можеби ќе треба да бара нов клуб. Луис Енрике го изоставува дури и кога Серџи Роберто е повреден. Тренерот на Барса никако не го гледа Видал во составот, па така некогаш ја менува формацијата и го става Рафиња на крило исто како и Арда Туран. Потенцијалната замена за Дани Алвеш троши уште пола година од кариерата на клупа или на трибините.