Островот лоша надеж за Барселона

Лас Палмас, тимот од Канарските острови е најтешкото гостување на Каталонците кои имаат негативен учинок против Канарците кога играат кај нив. Во што лежи причината?

Не се случува често да се пишува за новитетите во Примера, чиешто враќање во елитното шпанско друштво траело и по 15 години. Тоа е особено интересно бидејќи нема многу податоци за нив, а еден знак на сеќавање е нивниот последен настап во Ла Лига.
 
Се учат од почеток нивните историски податоци и изненадувачки статистики. И верувајте во историјата на Лас Палмас, најјужниот тим во првенството има нешто за восхит.Островјаните, чиешто тешко искушение по низините на шпанскиот фудбал траше цели 14 години, во Примера се пласираше во сезоната 2001/02 - кога Валенсија стана шампион шести пат во историјата.
 
Лас Палмас играл одлична одбрана таа сезона во која екипите од врвот немале успешна екскурзија на Канарските острови. Покрај тоа, петте најдобри екипи во 2001/02 се вратиле со спуштени глава освен Валенсија и Депортиво кои славеле скромно по 1:0. Реал загуби 4-2 од Лас Палмас, а Барселона едвај извади бод 0:0.

Токму на Каталонците не им лежи третиот по ред осторв во архипелагот кој за нив е остров на лошата среќа.
 
Неверојатно, но статистички Барселона е многу слаба во дуелите со Лас Палмас и на 34 меча (без последниот) претрпела 19 порази, славела 11 пати и 4 пати ремизирала. Можеби мала утеха по нив е што зборуваме за натпревари од ’60-те, ’70-те и ’80-те години, но повторно ова е незабележителен случај на Барса.
 
Последен пат загубиле од Лас Палмас пред 25 години на 6. февруари 1991. година во првиот меч од осминафиналето на Копа дел Реј 1:0. Пред овој натпревар играле 0:0, а тогаш капитенската лента на Барса ја носел Луис Енрике сегашниот тренер кој добил жолт картон на тој меч.
 
Многу вода истече во Атлантикот од тогаш до викендов, кога Лас Палмас ја пречека Барса на новоимениот стадион Естадио де Гран Канарија каде Лучо славеше како тренер.

Географијата на Бара за шест дена е неверојатна. Од 17-ти до 23-ти февруари Каталонците беа на крајниот север на Шпанија (до Хихон и назад 1.600км), потоа на крајниот Југ (Гран Канарија вкупно 5.000км) и денес патуваат преку Ла-Манш (до Лондон против Арсенал 3.000км).
 
Не е чудно притоа што некои од главните играчи останаа дома и воопшто не патувале за Лас Палмас. На трет меч по ред во шампионатот Барселона дава гол, па брзо прима (против Селта за 11 минути, Спортинг Хихон за нецели 2 минути и против Лас Палмас за 4 минути). Малку фалеше викендов Барса да ги остави бодовите и да не стигне до 20-та победа по ред.
 

Лас Палмас одигра одличен натпревар, во еден момент имаа поголем посед на топка од Барса (51-49), а да беа Араухо и Вилиан Хозе попрецизни, Канарија ќе беше потврдено како остров на лошата среќа за Барселона. Најтешките три бода сезонава Барса ги освои на Атлантикот и ги врати на Медитеранот. Следува Лигата на шампионите.