Одамна се провлекува како препорака, но благодарение на Џеј Ло, повторно се враќа во јавна дискусија. Според нејзе, маслиновото масло е главниот херој на нејзината линија за нега на кожа.
За сите што растеле со Луни Тунс, веројатно впечатокот е ист: сите ги имам гледано. Holywood Steps Out не е од оние епизоди што ги повторуваа цело време, а е совршен осврт на ликовите од „големото платно“ во тој период, нацртани и оживеани од луѓе што најверојатно ги познавале.
Откако избегал од со војната зафатената Босна, Љубомир Станишиќ имал повеќе станици низ Европа. На крај се скрасил во Португалија, каде почнал да добива награди за своето готвење. На неговото мени секогаш има бурек и кравја глава.
На 85 години почина еден од најугледните хрватски новинари, сепак најпознат како автор на квизот „Квискотека“, кoj прв пат беше емитуван дамнешната 1979, а продолжи да се прикажува цели 15 години.
Секоја година во САД се регистрираат повеќе од 50,000 сценарија. Но само мал број од нив навистина се снимаат, а уште помал број засекогаш ја менуваат филмската историја. Чисто статистички, помеѓу нив мора да има и нешто што вреди. Но како тоа нешто да се најде? Еден човек решил да не игра по правилата.
Познатата театарска група Берлинер Ансамбл отстрани 500 од своите 700 седишта за да се подготви за повторно отварање на есен, согласно германските политики на социјално дистанцирање. Како и повеќето вакви мерки, целата работа делува како од дистописки филм.
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
Да се дискутира желбата (или немањето желба) за деца додека врската е уште тазе може да е непријатно и прерано, но знае да стане уште поделикатно понатаму. Без разлика дали активно размислувате за овие одлуки, една приказна објавена уште пред две години нуди по некоја алатка за справување.
После точно 27 години, се снима ново продолжение на едно од најпопуларните и најуспешните детски серијали од деведесеттите години, забавно-музичкото шоу „Дајте Музика“
Иако звучи така, ова не е некаква легенда за измислена жена со натприродни моќи. Грејс Олив Вили била првата колекционерка и „припитомувачка“ на рептили, која сепак на крај од нив и настрадала.
Нусрат Јахан Рафи ја полеваат со керозин и ја палат во нејзиното школо во Бангладеш - затоа што пријавила сексуално малтретирање. Датумот е 6-ти април. Не пред 700 години. Пред помалку од две недели.
На прв поглед, ова на илустрацијата изгледа како некоја фина викторијанска кафана. А всушност сликата е нарачана во 1908 и се појавува во политичко списание што сака да прикаже каков хорор би било кога жените би добиле права. Интересно.
Според Џеф Колинс, автор на „Уметноста на работењето” (скроз непривлечен наслов), постојат два типа на корисници на социјални мрежи: прскалки и правосмукалки. Првите споделуваат содржини, а вторите ги вшмукуваат. Функционира како синџирот на исхрана - едното не може да постои без другото, а заедно ги оддржуваат социјалните мрежи во живот.
Ги викавме „Дебелиот и слабиот“ а нивните неми филмови ни беа еднакво смешни како оние на Чарли Чаплин. И некако ни е необично што никој до сега не се сетил на вакво нешто - да ја раскаже приказната за ова дуо кое има инспирирано бројни генерации комичари.
Сакаме подебели, сакаме послаби, сакаме вакви, сакаме онакви… Океј, ворлд, еве ви дигитални. Ај сега да видиме колку време ќе им треба да смислат дека и дигиталните манекенки имаат чувства.
Не знаеме дали на домашните уживачи во „девојачко” им текнало да прават обиколки по винарии, ама очигледно тие што му се локални на Лонг Ајленд претерале. Неколку винарии од таму почнале да ставаат забрани на момински вечери заради целото тоа вриштење, правење човечки пирамиди и изобилство на фалусовидни додатоци, што, замислете - им пречело на другите гости.
Две сликовници, во сосема ист формат и за иста целна група, едната напишана од ќерката и жената на потпретседателот на САД, а другата од Џон Оливер. Што ли би можела да биде разликата?
Ја знаете онаа наша рубрика каде ди-џеи бираат песни на неделата, а во која до сега гостувале, како што обично се вели, „видни личности од јавниот (не толку од политичкиот) живот“. Но што ако им дадеме шанса да бираат музика на луѓе од кои никогаш јавно не било побарано такво нешто? И што ако тоа го направиме баш воочи Денот на заљубените?