Даваат гориво на социјалното влијание и откривање, и на крај - на она што сега го знаеме како proofing, што всушност го претставува најмоќниот социјален тригер во маркетингот.
Брзата мода е индустрија што супер се нафатира од ова горенаведеново и изгледа нема намера да престане.
Пред социјалните мрежи, мнозинството потрошувачи трошеа многу на одредени модни парчиња. Списанијата ги викаа „инвестициски парчиња”, а сè што имавме по плакари не беше така изложено на секој поглед како што е денес. Една ташна можеше да се носи секој ден, цел месец, затоа што едноставно, никој не успеал да ја види на тебе.
Тие „инвестиции” се сè уште луксуз, па сега во денешниов свет на Инстаграм, Снапчат и Пинтерест - каде што луѓето објавуваат секој ден, (често и секој час), психологијата околу носење на една те иста работа нонстоп е сменета. Денес, потрошувачите сакаат да си ги покажат омилените брендови на сопствената платформа, за да ги афирмираат нивните потрошувачки одлуки и да бидат дел од гужвата.
Социјалните мрежи го поддржуваат менталитетот дека штом едно парче е покажано пред светот, не смее повторно да се носи и да се фотографира.
Проблемот со оваа психолошка појава е дека повеќето луѓе не можат да си дозволат да купат нешто скапо и да го носат само еднаш.
Се појави делумно решение со сајтови за изнајмување модни парчиња и додатоци (се пријавуваш, изнајмуваш ташна што чини неколку илјади евра да ја купиш, ја носиш, се сликаш, ја враќаш), но поважно е што производителите на брза мода видоа неверојатна шанса и успеаа да ја закачат.
Што е проблемот со „брзата мода”?
Сега луѓето имаат поголема тенденција да купуваат евтина, модерна облека за да бидат во тренд, и да ги споделуваат нивните модни комбинации со нивните следачи уште почесто.
Денес, поретко одат во продавница да видат што се нуди - одат на социјални мрежи да видат што се случува околу нив, со луѓето на кои им се восхитуваат. Ваквото однесување го поддржува концептот на социјална проверка (она proofing од погоре) и им дава моќ на „прскалките” - стануваат инфлуенсери, а „усисивачите” брзаат да го реплицираат истиот изглед пред да му помине времето (и за поевтино).
Социјалните мрежи стануваат директна патека до онлајн кошниците за шопинг и се цврсто врзани со леснотијата со која може да им се влијае на луѓето. Без разлика дали е член на семејството, пријател или славна личност - ни влијае се што е околу нас, а ние не сакаме да заостануваме.
Брзата мода отвора врати за луѓе кои сакаат „да се облечат исто така”, но немаат средства да купат скапи парчиња. Кога ќе ги додадеш социјалните мрежи, модната индустрија може да се развива и да еволуира, без никаква намера да запре.