Дами и господа,
Од добрососедски побуди потрошив дел од буџетот источно од рајов, а потоа како прав патриот решив да го дотепам јужно, на наше охридско море.
Да не се разбереме погрешно, Охрид ми е многу мил, охриѓани посебно, охриѓанки најпосебно, го сакам езерото, природата, дремење во кола накај соба, чобанските концерти при крај на јули и почеток на август, ама ете Европа сме, демократија, за секој по нешто.
Него да прејдам на поентава...
Сите сакаат улици, патишта, музеи, институции и ред други мејнстрим срања на 21-иов век, од типот, постојат, ама не ги приметувам. Бидејќи сите сме засегнати со иднината на државава, идентитетот, името, ќе врне ли за викенд и други битни цивилизациски прашања, не знам дал некој се прашува од кај к.. доаѓаат пари во европските каси, вклучително и оваа нашава, северна, древна, поробена, двојзична и друго...
Епа, доаѓаат од ебените даноци кој никој не сака да ги плати. Не дека е оваа мудрост на веков и дека еве мене ми текна прв.
Да предложам прашање за референдум, дека тоа актуелно сега, сега или никогаш, а од утре и онака брза помош и пожарна нема да треба.
Дали сте за стабилна и просперитетна Македонија, со барање на фискална сметка на цела нејзина територија, со посебен акцент на Охрид и Струга?
Даваат сметка:
Камп Љубаништа (на рампа, за паркинг)
Плажа Љубаништа лежалки (ако си побараш)
Воен камп Св. Наум
Не даваат сметка:
Плажа Лагадин 10 (не за лежали)
Св. Наум (за паркинг, ај ова е за црквата, да ја помогнеме)
Дуќани на Св. Наум (демек занаетчии се, немале...)
Ресторан Дионис Лагадин (не удира гром во коприви, удира во касите...)
Паркинг до Хотел Дрим (ликоиве се јавно претпријтие...)
Лежалките десно од Дрим (гледано од езеро)
Рентачи на педолини (најверојатно занаетчии)
Реферемдумот е консултативен. Дал да купи газдата џип или глисер?
Поздрав,
Оливер