Крај на војната?

Глувци против луѓе

И покрај непроценливиот ПР кој со правеше дизниевиот Џери, не успеавме да ги засакаме. Нема некој кој повеќе ги потепал од нас, а и ние кумулативно немаме загинато повеќе од друг цицач. Се проценува дека се ближи крај на милениумската војна и војната ние ја добиваме. Но, оваа проценка е направена од луѓе. Втората страна се нема изјаснето. 

Речиси не постои место на планетава каде што човекот решил да се насели а по него да не тргнат и глувците. Ние сме еволутивно посупериорни машини но тие ја имаат предноста што ја имаат и глупите: бројноста. Мажјак и женка оставени на раат, за една година произведуваат 15.000 наследници.

Ни ја трујат храната, шират болести, уништуваат посеви, знаат да гризнат.... Во 14-от век од бубонската чума кои тие ја дистрибуираа изгинале 25 милиони луѓе. Во историјата не постои друг цицач од кој имаме повеќе настрадано. А ние ги тепаме масовно и немилосрдно. Со стапици, тренирани животни, со ДДТ, петициди, нервен гас, нема нешто што немаме пробано. Чикаго пред 6 години на улиците пушти 60 тренирани којоти за да ги требат. Но, тие се уште се тука. 

Масовната физичка ликвидација е изводлива но создава дополнителни проблеми (хигиена, инфекции). Затоа подолго време науката се обидува да ја таргетира нивната најсилна страна, плодноста. Да создаде хемикалија која ќе биде оставена во храна и таа хемиски да го кастрира глушецот. Но, проблем е како тие да се натераат баш на таа храна. Особено градските глувци кои имаат избор на храна во изобилие.

Надежта е во течноста, бидејќи глушец мора да испие 10 проценти од својата телесна тежина секој ден. Се вика КонтраПест и ја произведува една компанија од Аризона. Пробана е во свињарски фарми во Америка, во предградија во Бостон и во њујоршкото метро, места во кои за 12 недели успеала да ја намали глувчешката популација за 40 проценти. Есенва стигнува и во Европа и е досега најмоќната алатка која ја имаме против малите гадови.

5 октомври 2016 - 12:31