Зошто Бијонсе има твитнато само 8 пати?

Затоа што девојката има нешто што се вика "дигитал менаџер" па така процениле дека треба.

Ако не сте фан на Бијонсе веројатно не знаете дека таа има Твитер сметка уште од април 2009-та  ама досега има твитнато само 8 пати. Ако некој знае зошто, тогаш тоа е Вирцер Сивуд, жената што ги менаџира нејзините дигитални содржини.

"Клучно е да се детектира кои платформи одговараат на некој уметник а кои се неефикасни. За Бијонсе добитни комбинации се Фејсбук и Инстаграм.Преку нив најефикасно ги пренесуваме содржините до нејзините фанови."

Директорот на музичкиот сектор на социјалната платформа UrTurn, се согласува со тоа:

Денешните уметници мора да споделуваат содржини бидејќи во ова време фановите чувствуваат дека тоа им следува. Гладни се и мора да бидат нахранети. Ако не работат на тоа поле, уметниците ризикуваат да ја маргинализираат својата фан база. На Бијонсе и одговараат ФБ и Инстаграм а Твитер не ѝ одговара; за некои други уметнички профили ситуацијата е обратна", вели Мајкл Шнајдер.

На пример, мрежите паметно ги користеше Тејлор Свифт за промоција на последниот албум. Приказната ја разигруваше превенствено преку Твитер и Инстаграм. Секој ден пушташе по малку текстови од претстојниот албум, а потоа пушти хаштаг #Taylurking, повикувајќи ги фановите да учествуваат со свои слики кои потоа ги објави на својот Инстаграм акаунт. Попат се вклучи и на Tumblr кој е добар за ангажирање фанови кои со ќеиф спамираат нејзини песни, слики и видеа. За познавачите, Тејлор Свифт е една од највештите играчи на дигиталното поле, дотаму што имаше доволно храброст да ја повлече целата своја музичка колекција од серверите на стриминг сервисот Спотифај.

"Од друга страна, некои артисти тотално лошо играат во дигиталниот свет и не ја сфаќаат играта. Многумина само префрлуваат свои Фејсбук статуси на Твитер и обратно, и после се чудат зошто не им оди", велат познавачите од сторијата на Wired.