По кусо боледување, на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, но исто така беше познат како „крал на местенките“ во фудбалот, нешто што самиот никогаш не го криеше и отворено зборуваше за тоа.
Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи. Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.
Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.
Министер за здравство треба да води сметка како во неговиот ресор се трошат парите собрани од даночните обврзници.
МИЛИЈАРДА евра се трошат во неговиот ресор.
Ама не, актуелниот министер за здравство решил да пресмета колку пари за цигари дава просечен пушач па дошол до цифра од 600 евра годишно. Тоа било многу.
Kолку годишно даваме за мортадела, со она белото кое е штетно за кардиоваскуларниот систем? Многу, малку?
Претседателот Доналд Трамп заработил помеѓу 1,3 милиони и 15 милиони долари од наглиот пораст на вредноста на акциите на Nvidia по враќањето на Џенсен Хуанг на директорската позиција.
Во најновиот финансиски извештаи доставен до Канцеларијата за владина етика на 5 ноември, Трамп пријавил дека заклучно со 30 септември поседувал помеѓу 32.000 и 370.000 акции во Nvidia. Вредноста на акциите во понеделникот се зголеми за повеќе од 30%.
Но, во повеќенеделниот мачен период за акционерите на Nvidia поради скандалот поврзан со Хуанг, Трамп потенцијално изгубил 42 милиони долари од падот на вредноста на акциите.
Токму поради притисокот од Трамп членовите на Управниот одбор на Nvidia вчера едногласно изгласаа Хуанг да се врати на челото на компанијата.
„Мораме да истражиме какви трансакции со акции се случиле пред објавата. Оваа Бела куќа е најкорумпираната во историјата“, забележа Рубен Гаљего демократски сенатор од Аризона.