Трамп профитирал до 15 милиони долари од враќањето на Хуанг
24 ноември 2026
- Претседателот Доналд Трамп заработил помеѓу 1,3 милиони и 15 милиони долари од наглиот пораст на вредноста на акциите на Nvidia по враќањето на Џенсен Хуанг на директорската позиција.
- Во најновиот финансиски извештаи доставен до Канцеларијата за владина етика на 5 ноември, Трамп пријавил дека заклучно со 30 септември поседувал помеѓу 32.000 и 370.000 акции во Nvidia. Вредноста на акциите во понеделникот се зголеми за повеќе од 30%.
- Но, во повеќенеделниот мачен период за акционерите на Nvidia поради скандалот поврзан со Хуанг, Трамп потенцијално изгубил 42 милиони долари од падот на вредноста на акциите.
- Токму поради притисокот од Трамп членовите на Управниот одбор на Nvidia вчера едногласно изгласаа Хуанг да се врати на челото на компанијата.
- „Мораме да истражиме какви трансакции со акции се случиле пред објавата. Оваа Бела куќа е најкорумпираната во историјата“, забележа Рубен Гаљего демократски сенатор од Аризона.