- Седумнаесетгодишен ученик од Првото техничко училиште во Крагуевац денеска изутрина пукал од малокалибарска пушка врз помошен персонал во училиштето и ранил две лица.
- Една жена која била во портирницата била ранета во ногата, а друга била повредена од скршено стакло.
- Веднаш интервенирала полициска патрола и го привела вооруженото момче. Сите деца и наставници во училиштето се безбедни, објави „Глас Шумадије“.
- Полицијата го обезбедува целиот простор околу училиштето. Учениците и наставниците остануваат во своите училници, наведува локалниот портал.
- Иранските судови донеле одлука САД да исплатат воена отштета од 290 милијарди долари.
- Високиот претставник Хасан Абдолианпур изјави дека Иран делумно ќе ја наплати сумата со запленување на бродови поврзани со САД.
- Пресудите од ирански судови немаат автоматска правна сила на меѓународно ниво, но на Техеран му даваат правен инструмент за преговарање. Меморандумот за разбирање со САД, кој беше отфрлен набрзо по потпишувањето во јуни, предвидуваше план за повоена обнова на Иран во вредност од најмалку 300 милијарди долари.
- Иран поднел тужби против Јордан и други арапски држави, бидејќи им дозволиле на САД да ја користат нивната територија.
- За денеска е закажано првото рочиште за американскиот напад со проектили врз училиштето во Минаб, во кој загинаа повеќе од 150 луѓе, претежно деца. САД се обвинети за воени злосторства поради напад врз јасно препознатлив цивилен објект. Тоа го заклучи и независна меѓународна мисија на ОН за утврдување на факти во својот извештај од септември.