Пријатели, да не се заборавивте малку со рекламата на дресот

Ова би прошло можеби во некоја друга земја, особено во нашиве краишта, ама во Англија регулативите на ФА се толку строги, што дресовите уште не доставени, ќе мора да ги враќаат назад. Назад!

Хадерсфилд Таун, клубот кој прв испадна од Премиер лигата минатата сезона, во следната во Чемпионшип планирал да игра во комплет опрема на која со огромни букви стои натписот на генералниот спонзор - кладилница.

Paddy Power е една од најголемите букмејкерски компании на Островот и пошироко. Тие се спонзор на Хадерсфилд чии дресови ги прави компанијата Умбро. Новата домашна варијанта дресови е од традиционалните сина и бела боја кои се вертикални, но навивачите се зачудиле зошто толкав натпис на спонзорот дијагонално го сече дресот.

Тоа се коси со правилата на ФА, а многу навивачи на Хадерсфилд на Твитер коментирале клубот да се соземе.

КАКВИ СЕ ПРАВИЛАТА НА ФА ЗА ОВАА ТЕМАТИКА?

Во точката C во која се наведуваат правилата за ставање реклама на дресот мора да се запазат следните регулативи:

ШТО ЗНАЧИ ОВА ЗА ХАДЕРСФИЛД?

Дури и ако се занемари фактот што фудбалската асоцијација на Англија нема варијанта за дијагонално поставена реклама преку дресот на чии гради стои спонзорскиот натпис - овој простор изнесува 250 квадратни сантиметри и делува мошне грубо ако се стави натпис од горе до долу.

Фудбалските дресови во просек имаат 52 см ширина и 72 см висина, а натписот Paddy Power се протега по целиот дрес и должината му е 88 см.

Од ФА веќе побарале коментар од Хадерсфилд и сигурно дека нема да им дозволат да играат во оваа варијанта дресови чиј натпис на спонзор боде очи.

А можеби е ова само мудра реклама на итриот Paddy Power?