Offside

Актуелниот европски шампион Шпанија е нов четвртфиналист на Светското првенство откако вечерва со 1-0 ја совладаа Португалија. Јунак на црвената фурија беше Микел Мерино.

Две навивачки групи со заедничко срце за Синиша

Во италијанскиот фудбал викендов победија емоциите кои ги имаше на претек. Победи сплотеноста на две различни навивачки групи кои фудбалската битка, барем за момент ја тргнаа на страна за да и дадат предност на човечката.

Рој пчели кај корнер знаменцето, Дани Алвеш не можеше да изведе

На фудбалските терени сме виделе кучиња, мачки, лисици, зајци, па и вол. Ама досега не паметиме рој пчели (или оси) да го прекинат мечот. И тоа не кој било, туку Сао Пауло - Форталеза од бразилската најдобра лига. Лидерот на домаќинот, легендата Даниел Алвеш не можеше да центрира зошто го нападнаа пчели.

Светската шампионка во гимнастика која отиде во порно индустријата

На почетокот на 2000-те години, холандската гимнастика била посилна од кога и да е. Главна ѕвезда на овој спорт во Холандија беше Верона ван де Лер - светска шампионка и повеќекратен освојувач на медали на европските првенства.

Целата акција за голот на Игуаин со кој Јуве ја стиши Меаца

Имаше Интер 6/6 во Серија А, пред да дојде актуелниот шампион и со 1-2 да триумфира пред повеќе од 60.000 луѓе на „Џузепе Меаца“. Резултатот го отвори Дибала, израмни Лаутаро од пенал, за Игуаин кој влезе од клупата да го реши мечот.

Рогачката на прва од центар до Ѓорче

Се вика Алесио Сабионе, игра во одбрана за Бари и не дава топката да мине половина. Плус он има посебна способност за расчистување опасност која изгледа вака.

Бие Златан, ама бие и Вела

Кога во присуство на Ибрахимовиќ во МЛС ќе постигне 34 гола, тоа значи дека Мексиканецот Вела не само што поставил нов рекорд, туку и дека ќе ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во Америка. Карлос имаше хет-трик синоќа во триумфот на Лос Анџелес против Колорадо. 34 гола на 30 меча. Погледнете му го голот со ножички.

Најјаката тики така се случи во Полска

Фудбалерите на Висла Краков одиграа толку јака тики така што успеаа да му ја сокријат топката на противникот. Што не им ја земете да ве видам.

И да му се тргнеш и да го чуваш исти ѓаол

Шест кратниот освојувач на признанието на ФИФА за играч број 1 во светот, синоќа за малку не го постигна еден од најубавите голови во кариерата од индивидуална акција. Нема кога ќе тргне ко јапонска локомотива е. И не само тоа, синоќа против Севиља ја прекина серијата без гол како што е редот, со велемајсторија.

Златан си ги работи Американците како мали деца

Сите бабури што ги јаде додека дава изјави откако игра во МЛС си ги оправдува на терен. Не знаеш што да очекуваш кога ќе прими топка и на 20 метри од гол и џабе е и да го удвојуваш. Погледнете го доктор Златан Ибрахимовиќ што работи на полни 38 години.

Не само што не ја прими, туку се самоиздрибла

Агонијата на Манчестер Јунајтед продолжува и со 11-то гостување по ред без победа на сите натпреварувања. Овој пат загубија од Њукасл со 1:0 и сега се 12-ти со 9 бода по 8 кола. Нивниот старт сезонава најдобро се опишува со потегов на Фред. На Переира не му се веруваше што гледа.

Луис Суарез ала Пеле

Не е никаков проблем што не му оди на Меси со голови, кога Барселона има ваков Суарез. После пресвртот над Интер, продолжува со евроголови и против Севиља која за 8 минути попи три парчива во прво. Одиме со акбробацијата број 1 за овој викенд. Во стилот на Пеле или Марко Ван Бастен, како сакате.

Џордан од Реал Мадрид заби од линија за слободни фрлања

Во дербито на колото на отворањето на новата сезона од Евролига, Реал Мадрид со 81-77 го совлада Фенербахче. Деби имаше новиот кошаркар на „кралевите“, Џордан Мики (9 поени, 3 скока) кој во саботата на гостувањето против Тенерифе во шпанската лига, заби од линијата за слободни.

Водеше навивање со папагал на раме

За време на мечот Аргентинос Хуниорс - Арсенал Саранди (2-1), водачот на домашните навивачи водеше навивање со најверниот другар.

Марадона во свој стил ја прослави првата победа

Во натпревар со 6 гола, екипата која од скоро ја води Диего Марадона, Химнасија Ла Плата ја прослави првата победа сезонава, 2-4 на гости против Годој Круз. Марадона знаеше како да го прослави триумфот.

Нов гол на Џани Алиоски

Втор натпревар по ред репрезентативецот на Македонија Езџјан Алиоски ја тресе мрежата во дресот на Лидс Јунајтед, кој денес за жал изгуби кај ривалот Милвол 2-1. Алиоски постигна гол на само 20 секунди од почетокот на вториот дел. Ова е трет гол сезонава за Езџјан со што покажува дека е во одлична форма пред продолжение од квалификациите за Европско 2020.

Скандирање на денот до судија жена

Италијански нисколигашки фудбал каде срцката сигурно е црвена од овој убав комплимент од трибина кој на италијански оди вака: Guardalinee, guardalinee, la senti questa voce, la senti questa voce: Sei bellissimaaaaaaaa, sei bellissimaaaaaa.

Кога синот навива за Наполи, а татко му за Јуве

Не очекувавме дека ќе оди до таму, ама како беше она: „Кај што има сила, нема правдина“. Тоа е, следниот пат гледај ја само со другарите.

Првиот Кинез во историјата кој даде гол во еврокуп, милиони во Кина стануваат рано да го гледаат

На мечот ЦСКА Москва - Еспањол (0:2) во Лига Европа, најпопуларниот кинески фудбалер во моментов Ву Леи влезе во историјата како прв фудбалер од оваа земја кој ја затресол мрежата во некое европско натпреварување.

Жестокиот говор во соблекувална по кој Салцбург стигна до 3:3 на Енфилд

Австријците имаа тешко гостување во второто коло од ЛШ, но затоа му покажаа на европскиот првак дека не се дојдени во Англија како туристи. Добро, им требаше некој да им згрми јако, за да разберат дека никој не е непобедлив.

До каде отиде гневот на навивач на Јунајтед

Преполнет со негативна енергија и разочарување по сите ужасни рекорди и бедни сезони во кои не беа ни блиску до трофеј во Премиер лига или ЛШ, изнервиран навивач на Манчестер Јунајтед вака го опиша нивото на кое се наоѓа клубот.

Со тим од 250 милиони не можеа голот да го погодат против Аз Алкмар

Сер Алекс Фергусон си замина од тренерското столче во 2013-та. Потоа седнаа Мојс, Гигс, Ван Гал, Мурињо, Солскјер и никој не успеа барем да го доближи клубот до нивото на кое што беше. 30 години не биле вака очајни, а имаат пари.

Страшен пад на Марк Маркез

Водечкиот во генералниот пласман на Мото ГП шампионатот, Марк Маркез на првиот тренинг пред трката за Големата награда на Тајланд доживеа незгода со својата Хонда која буквално се разлета на парчиња. За среќа Шпанецот кој е на чекор од титулата во кралската класа, поминал со полесни повреди.

Балѕарети со анегдота за Ибрахимовиќ

Федерико Балѕарети, некогашниот бек на италијанската репрезентација кој играше во Јувентус, Фиорентина, Палермо и Рома откри еден јак момент кога Ибра му бил соиграч во Јуве.