Меси покажа со прст кој е крив за хаосот во Барселона

Иако од страна делува дека на „Камп Ноу“ навидум сè е ко подмачкано, последните информации од шпанските медиуми пишуваат тотално спротивно. Абидал ги обвини играчите, Меси го обвини Абидал.

Најозборуван настан во шпанскиот фудбал денес е големото интервју на спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал за Diario Sport. Главна тема на разговорот бил отказот кој го добил поранешниот тренер Ернесто Валверде и барањето нов шеф на стручен штаб.

Главни моменти од настапот на Абидал се:

- Работеле на пронаоѓање кандидат за наследник на Валвере уште пред 2 години. Во летото 2018 Абидал се врати во Барселона каде играше долго време и стана спортски и технички директор.

„Собиравме информации, а после тоа претседателот реши да го продолжи договорот со Валверде (во февруари 2019). Донесовме решение, но веќе знаевме дека проблемот не е во резултатите, туку во тоа што се случува внатре во клубот“, рекол некогашниот француски репрезентативец.

Од 18 декември Барселона му спремаше отказ на Валверде. Иако официјално Ернесто доби шут карта во јануари, Абидал призна дека клубот почнал да бара замена веднаш по Ел Класико со Реал Мадрид (0:0).

Абидал го критикувал квалитетот на игра:

„Ја гледавме тактиката, играта на фудбалерите, ја гледавме работата на тие кои не играат многу. Јас се фокусирав на многу детали. И многу играчи не беа задоволни од Валверде или не работеа доволно. Имаше проблеми и со комуникацијата внатре во колективот“.

За новиот тренер Кике Сетиен:

„Кике има наша ДНК, тој сака да работи и да им помага на играчите кои малку играат, да се чувствуваат како дел од тимот. Треба да има комуникација, тој ја прави екипата подобра и прави конкуренција“.

За средбата со Чави, Абидал рекол дека се сретнале конкретен договор не постигнале. Иако сите шпански медиуми во јануари пишуваа дека легендарниот Чави ќе го смени Валверде, Абидал рекол дека немало официјална понуда.

„Немаше никаква понуда. Ако Чави вели дека имало понуда, нека ја покаже. Имавме две средби, на првата му кажавме како го гледаме клубот, а на втората тој ни го кажа својот план. Сите информации во медиумите беа повеќе политика отколку фудбал. Со тоа не се занимава, јас зборувам само за фудбал“.

ИЗЛАГАЊЕТО НА АБИДАЛ ГО ИЗНЕРВИРАЛА МЕСИ

Интересно, прв со реакција за интервјуто на спортскиот директор излезе капитенот Меси. Лионел на својот инстаграм профил објавил стори со скрин од статијата за интервјуто на Абидал за Diario Sport и посебно го заокружил делот: „Спортскиот раководител на клубот објаснува дека „многу играчи не биле задоволни или не работеле доволно“.

Подолу во истиот пост, Меси пишал:

„Искрено не сакам да правам вакви работи (да ја коментира работата на спортскиот директор на инстаграм), но мислам дека луѓето треба да носат одговорност за својата работа и самостојно да носат одлуки.

Играчите носат одговорност за тоа што се случува на теренот, и ние први признаваме кога нешто не е добро. Спортскиот сектор исто е должен да преземе одговорност на себе, за секоја одлука која ја носат.

И последно. Сметам дека кога се зборува за играчи, треба да се наведат конкретни имиња, зошто не сакаме некој да не валка и да збори нешта што не се вистинити.

Ова е сосема невообичаена реакција на Меси, тој обично не зборува јавно за интерни работи од клубот. Хуанма Кастањо, водител на вечерната емисија El Partidazo на радиостаницата COPE, ги објаснил причините за гневот на Меси врз основа на свои инсајдерски извори.

Според него Меси се побунил зошто осетил дека врз него се свалува целата одговорност за некои работи во Барса. Кога во интервјуто се користат зборови „играчи“, „соблекувална“, „лидери на екипата“, сите веднаш помислуваат на Меси.

Меси не сакал Валверде да добие отказ. Тој и Суарез до крај му верувале на Ернесто, како и поголем дел од екипата. Според една верзија на Marca, единствени кои сакале Валверде да биде отпуштен биле Ракитиќ, Бускетс и Видал.

Што се однесува до преземање одговорност, токму Меси заедно со Пике по бламажата од Ливерпул во Лига на шампиони дојдоа на прес-конференција и кажаа дека за дебаклот се виновни само тие.

Уште едно нешто кое го изнервирало Меси пред неколку месеци е што му ветиле дека нема да го земаат Гризман туку ќе го вратат Нејмар. Но трансферот на Французинот бил договорен уште во март лани.

Последно за што пишуваат AS и Marca е дека конфликтот во клубот веќе е разгорен и дека Бартомеу не е задоволен од работата на Абидал кој претходно работеше во Олимпијакос. Наводно најмногу му се замерува тоа што не се договорил со Чави и не купил шпиц како замена за повредениот Суарез.

Во текот на денот се одржала и средба меѓу Бартомеу и Абидал. Според AS претседателот Бартомеу закажал средба со капитенот и неговите заменици - Меси, Бускетц, Пике и Серхи Роберто. Целиот застанал зад Лионел и му дале поддршка.

5 февруари 2020 - 12:33