Сагата Меси-Барселона продолжува. Шпанските медиуми уште прават televisa presenta за што највиновно е актуелното раководство на клубот кое веќе изгледа дека стварно не знае кај тера.
На 26 октомври Жозеп Бартомеу изјавува: „Не сум помислил да дадам оставка“. На 27 откомври Жозеп Бартомеу дава оставка од местото претседател на Барселона.
Претседателот на каталонскиот гигант нема да оди до крај како што се предвидуваше откако група сосиоси ги собра потребните потписи, туку решава сам да се повлече и да го остави клубот во хаос.
Човекот кон кој беше вперен прстот дека е најголем кривец за најтензичното лето во поновата историја на Барселона, во кое скоро готово беше да ја загубат иконата Меси, наскоро ќе биде сменет.
Во средата татко му на Меси во брзање на еден новинар му дал кратка и отсечна изјава дека е точно дека неговиот син ја напушта Барселона, а потоа рече дека на друго мислел.
Претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу е под јак притисок од сите страни. Веќе неколку месеци го напаѓаат негови потенцијални наследници, а од вторникот вечер и многу легенди на клубот.
Вест број еден од шпанскиот фудбал во петокот беше инсајдот од познатото радио Cadena SER: Лео Меси сака да си оди од Барса во 2021-ва кога му истекува договорот.
Иако од страна делува дека на „Камп Ноу“ навидум сè е ко подмачкано, последните информации од шпанските медиуми пишуваат тотално спротивно. Абидал ги обвини играчите, Меси го обвини Абидал.
Најтешкото лето во современата историја на Барселона значително ја ослабна позицијата на претседателот на клубот Жозеп Бартомеу на кого му се остри опозицијата. Во Барселона на големо се собираат потписи за референдумско прашање за недоверба кон првиот човек.