Лионел Меси соопшти дека по претседателските избори во клубот, ќе реши дали ќе остане во Барселона.
Во меѓувреме, шпанскиот Ел Мундо откри досега необјавени детали од договорот на Аргентинецот, потпишан во ноември 2017-та (со важност до 30 јуни годинава).
Новинарите објавија дури и скриншот од копиите на договорот кои ги добиле. Наводно, има два можни извори кои им ги дале: или тимот на Бартомеу, или некој од кандидатите за нов претседател.
#Exclusiva 🔵 El contrato faraónico de Messi que arruina al Barça: 555.237.619 €
— EL MUNDO (@elmundoes) January 30, 2021
EL MUNDO desvela todos los detalles del vínculo firmado en 2017 entre el jugador y el FC Barcelona, el mayor contrato de la historia del deporte #ContratoMessi https://t.co/VVpI0eoeXs
НАЈГОЛЕМ ДОГОВОР ВО ИСТОРИЈАТА НА СПОРТОТ (СПОРЕД ЕЛ МУНДО ЧИЈА ОБЈАВА НЕ ЈА ДЕМАНТИРАШЕ НИКОЈ)
- Договорот е потпишан на 4 години и вреди астрономски 555.237.619 евра! На пет месеци до истекот на договорот, Меси заработил 511.540.545 евра.
- Во договорот има и бонус од 1.168.964 евра ако Меси одигра 60% од натпреварите сезонава. Се сметаат средби на кои Меси поминал најмалу 45 минути во игра. За другите играчи, според AS, пропишаниот бонус е ако играат 60 минути на 60% од натпреварите.
- За триумф во финале на Лига на шампиони, Меси би добил бонус од 3.548.644 евра, за учество во Лига на шампиони добил 1.656.034 евра. За освојување на Купот на Шпанија би добил 104.372 евра.
- Бонус за продолжување на договорот изнесува 115.225.000 евра
- Бонус за лојалност - 77.929.955 евра
- Во договорот има и точка со која клубот се оградува од евентуална суспензија на играчот додека игра за репрезентација (пример казната на Суарез за нападот над Киелини на Светско 2014).
- И најчудна точка во договорот: Меси има право да бара едностран раскин на договорот ако Каталонија стекне независност.
Со наслов „Договорот кој ја руши Барселона“, El Mundo објави сензационални детали
КОЛКУ ЗА ДАНОЦИ, КОЛКУ МЕСИ ДОБИВА НА РАКА?
Најважно прашање во договорот се високите европски даноци. Во Шпанија за приходи над 60.000 евра годишно треба да се платат 45% данок на таа сума.
Според груба пресметка, чистата заработка на Меси од договорот со Барселона е околу 75,9 милиони евра годишно.
ДАЛИ ТУСКЕТС БЕШЕ ВО ПРАВО КОГА РЕЧЕ ДЕКА КЛУБОТ ТРЕБА ДА ГО ПРОДАДЕ ЛЕО?
Во моментов е вршител на должноста претседател на Барселона, Карлес Тускетс. Тој во декември лани изјави дека требаше да му се дозволи на Аргентинецот да замине во 2020-та.
„Од економска гледна точка јас би го продал Меси минатото лето. Тоа беше потребно. Мора да обрнеме внимание на приходи и штедење. Ла Лига треба да има ограничување на плати“.
Главниот уредник на Ас, Алфредо Релањо ги објаснил причините на финансискиот крах на Барса:
„За да му го подобрат договорот на Меси, управата нанесе штета на клубот. Исто и поради тоа што ги зголеми платите на другите играчи.
Освен тоа, преживуваме пандемија која лани го чинеше клубот 330 милиони евра. Кога Барса заработуваше огромни приходи, долговите не беа голем проблем. Но сосема е друга работа кога приходите паѓаат, а вие живеете на острицата на финансиски нож.
Барселона троши 85% од буџетот на плати иако Европската заедница на клубови советува не повеќе од 70%. Пандемијата посебно силно удри по Барса која е важен туристички град, за туристи кои доаѓаат на стадионот и во ВИП ложата, во клупскиот музеј или фан шопот.
Клубот не беше спремен за ова. Добија пари за Нејмар (222 милиони евра), потрошија 165 милиони за Кутињо и 145 милиони за Дембеле со тоа што им дадоа и високи плати. Ова ги натера соиграчите да одат кај претседателот да бараат зголемување на плата. Во тоа време кога коронавирусот дојде и се сопре, расходите на Барса само растеа“.
А Виктор Фонт, кандидатот и фаворит за нов претседател ан Барса е коректен и не сака јавно да го напаѓа Меси.
„Лео си го заработи до последно евро се што Барса му плати. Он не ни наштети. Напротив. Тој е најдобар играч во историјата и сакаме да остане кај нас засекогаш“.