Хозеп Марија Бартомеу речиси сигурно ќе се збогува од претседателската функција во Барселона откако стигна потврда дека се собрани доволен број на потписи за референдум.
Шпанските медиуми пренесуваат дека промоторите за изгласување недоверба собрале вкупно 20.687 потписи од кои потврдени се 16.521 валидни кои го поддржале процесот за негова смена.
Тоа значи дека клубот сега има обврска меѓу 10 и 20 работни денови да одржи гласање на кое членовите кои на број се 154.000, се очекува да го шутнат за што е потребно двотретинско мнозинство на гласови.
Инаку Бартомеу со ова станува трет претседател во историјата на Барселона кој ќе се соочи со гласање недоверба. Во првите два случаи делегатите имале неуспешен обид да го симнат претседателот од функција по овој пат.
Неговиот мандат завршува оваа сезона, но со помош на овој референдум тој се очекува да биде сменет пред предвидениот рок. Плус постојат шпекулации дека тој самиот ќе се повлече за да го избегне процесот на гласање недоверба.
Бартомеу е прв човек на Барселона од 2014-та, функција на која го наследи Сандро Росел и токму овие двајца се под истрага за наводна даночна измама околу трансферот на Нејмар.
‼️ Jordi Farré CONFIRMA que acaban de llegar a las 16.521 firmas válidas.
— Alejandro Segura (@Alejandro_sj) October 7, 2020
💥 Estarán muy cerca de las 20.000 válidas.
🔵🔴 MOCIÓN DE CENSURA.
🗣 Más en @RadioMARCA pic.twitter.com/4mhD7QjUuc