Бидна и тоа - Жозеп Бартомеу конечно си отиде и тоа заедно со сите клучни менаџери од неговиот тим во советот на директори.
Официјално Бартомеу објави во пресрет на големиот меч од групна фаза во Лига на шампиони: Јувентус - Барселона. Ова не го очекуваше никој особено што во понеделникот Бартомеу уверуваше дека никаде не оди.
ШТО ГО НАТЕРА БАРТОМЕУ ДА СИ ОДИ?
Најмногу поради големиот притисок од навивачите и јавноста. Навивачите можат да го сменат претседателот во два чекори: прв - да соберат потписи од 15% од сосиосите со цел да одржат референдум, а втор чекор - на големо гласање околу 150.000 луѓе или две третини од сосиосиоте (членови со членски карти) да изгласаат недоверба.
Навивачите, гневни од лошто управување на клубот веќе собраа потребни потписи. Барселона беше должна да организира референдум и тука избија проблеми. Според неофицијални тврдења, Бартомеу категорички не сакал да биде избркан од навивачите и ги потегнувал сите формални процедури.
Властите во Каталонија дале зелено светло за гласање на крајот на неделава (1-2 ноември) на „Камп Ноу“, но Бартомеу се опирал: сметал дека просечната возраст на сосиосите е 58 години, а во Каталонија веќе има над 40.000 заразени лица постари од 60 години.
Бартомеу предлагал да се гласа на 15-16 ноември на 21 гласачко место (13 во Каталонија и 8 во другите делови на Шпанија), но властите на Каталонија го одбиле.
„Бевме принудени да бираме меѓу здравјето на нашите сосиоси и нивното право на глас. Решивме да не организираме гласање и да дадеме неотповиклива оставка“, рекол Бартомеу во вторникот.
ШТО ПОНАТАМУ?
Во уставот на Барселона се пропишани сите процедури. Тие помогнале да се набрка Бартомеу, тие помагаат и да се регулира перидот на безвластие.
Заминувањето на членовите на совет на директори го активира членот 35,4 - власта во клубот преоѓа во раце на Управителска комисија која е колективен орган.
Претседател на комисијата ќе стане шефот на Економската комисија на клубот. Тоа во моментов е Карлес Туксетс - новиот в.д. претседател на Барселона. Тој не влегол во претходниот состав на директори кои сега комплет си дадоа оставки.
Во Управителската комисија работат 7 члена: некои од претходните собранија и некои од независни комисии. Во Советот на директори седеле 14 менаџери, а прописите обврзуваат новото раководно тело да има барем 50% членови од претходниот состав.
Во догледно време Управувачката комисија ќе ја врши функцијата на Совет на директори. Нејзина главна задача ќе биде во рок од три месеци да организира избори за нов претседател.
КОЈ Е ФАВОРИТ НА ИЗБОРИТЕ ВО БАРСЕЛОНА?
Меѓу кандидатите се: првиот кој активираше големо движење за свргнување на Бартомеу, Жорди Фаре, поранешниот претседател на клубот Жоан Лапорта, постојаниот критичар на Бартомеу Виктор Фонт како и Тони Фрејш и Ксавиер Вилахоан.
„Би ги ставил сите свои пари на Фонт“, рекол за The Athletic минатата недела извор близок до управата на Барселона.
Битката за власт во Барселона ќе биде права „Игра на тронови“.
Во моментов клубот како в.д. функционери го води Карлес Тускетс кој во Барселона дошол за време на долгогодишниот претседател Хосеп Луис Нуњез (1978-2000). Тускетс бил најмлад менаџер со највисоко звание (27 години) и одговарал за комерција во клубот.
Тускетс работел повеќе од 40 години во финансискиот сектор и тој во моментов управува со сопствена фирма Trea Capital (корпоративни финансии, стратешка помош за разни бизниси, инвестициски активности) и работи како потпретседател на Европската асоцијација за финансиско планирање и Шпанската асоцијација за инвестициски и пензиски фондови.
Претходно Тускетс работел во енергетика, недвижности и сфера за финансиски услуги.
КАКО ФУНКЦИОНИРА ГЛАСАЊЕТО?
Барселона е еден од малкуте клубови каде навивачите имаат реална власт над саканиот клуб. На секои 6 години во клубот се организираат претседателски избори каде сосиоси (членов на клубот кои плаќаат редовна членарина) гласааат за претседателски кандидати.
Во февруари 2020 година Барселона имала повеќе од 150.000 членови (и околу 10.000 на листа на чекање). Статус сосиос може да се стекне по наследство: може да претендирате само ако некој ваш близок роднина е член на клубот. Ако немате роднина сосиос, можно е да поднесете барање за да добиете посебен статус и дури после три години да претендирате за полн статус сосиос.
За членство во клубот возрасни плаќаат околу 150 евра годишно, а деца од 40 до 90 евра годишно (зависи од возраста, член на Барса може да се стане од раѓање и тоа родителите ги чини 40 евра годишно).
За да се поднесе кандидатура за претседателски избори, потребно е да се соберат минимум 2.534 потписи од сосиоси и да се уплати депозит во размер од 15% од вкупниот буџет на клубот (на изборите во 2015-та депозитот изнесувал околу 77 милиони евра). Многумина не можат да ја прескокнат таа бариера. На пример на изборите во 2015-та еден од 7 кандидати собрал потписи (на 16 кандидати им фалеле потписи), а на двајца им фалеле пари.
Во февруари 2020-та година официјална кандидатура за изборите во 2021 поднел Виктор Фонт - каталонски претприемач, генерален директор на консалтинг компанијата Delta Partnes Group и сопственик на каталонскиот весник Diari Ara.
Виктор Фонт се приближил во Барселона во 2009-та година кога работел на избори во штабот на кандидатот Марк Ингла. Виктор Фонт го видел изборниот процес од близу, анализирал како е построена Барса од внатре и сфатил дека нешто не е како што треба. „Видов какви луѓе сакаат да управуваат со Барса и какви идеи имаат. Почнав да работам над тоа да ја сменам ситуацијата“.
Во летото 2019-та Фонт го презентирал развојниот концепт за Барса Si al Futur („Да за иднината“) во кој предложил 10 реформи. Фонт ветил дека во Барса ќе ги врати имиџ правата на играчи (сега тие им припаѓаат на трети лица), дека ќе ги зголеми правата на сосиоси и ќе ги зголеми приходите (Фонт сака секој навивач на Барса да праќа по 5 евра годишно во клубот покрај членарината).
Виктор Фонт изјавил дека ќе се залага да се врати политиката за деца од својата школа Ла Масиа во прв тим како некогаш и за враќање на легендите во управата. Веќе добил поддрша од Пујол и Чави кои ветија дека ќе се вратат во Барселона ако Виктор Фонт победи.
Тој се запознал со легендите уште пред неколку години кога сите тројца се занимавале со стартапот Optima Sports Systems.
(Бартомеу сакал да ги украде идеите на Фонт, па прво го активираше Ерик Абидал кого го постави за спортски директор а кој страшно се обрука кај навивачите откако го обвини Чави дека лаже дека му понудиле договор за тренер на Барса: „Ако има таков документ дека сме му нуделе работа нека покаже“ рече Абидал за најомилениот човек кај навивачите на Барселона и го навлече целиот гнев).
Довчерашниот претседател на Барселона во летото 2019-та година го назначи и Виктор Валдес за тренер на младинците Хувенил А ама после пар месеци го избркаа поради конфликт со управата, а Патрик Клајверт ја доби функцијата спортски директор на Ла Масиа.
Бартомеу после сакал да ги преврти луѓето кои му се блиски на Фонт па исто во летото 2019-та му нудел на Карлес Пујол да стане генерален менаџер на Барса но некогашниот капитен му останал верен на Фонт.
Во јануари годинава положбата на Бартомеу веќе се тресеше и беше јасно дека не го спасува ни тројна круна. По дебаклот со Баерн се беше јасно. „Јас разработив концепт на спортска структура за Барселона и Чави зазема најважна улога во неа“, изјави Фонт уште во 2019-та.