Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Легендарниот Кобра го отвори патот за Македонците во најдобрата италијанска лига, а Пандев го поплочи со мермер. Ќе остане забележано дека и некои помлади фудбалери постигнале макар еден гол во Серија А.
Тоа што ние го гледаме на Градски за Македонија, почна се повеќе да го забележува и италијанската критика од која доби одлични оценки за синоќешната партија против Сампдорија. Браво Елиф.
Секој одговор му е на многу високо ниво, образложува до ситни детали како изгледа кога еден врвен спортист доаѓа до момент кога умот сака ама не и телото. Водителката го прашува кого би одбрал од Рафа, Новак и Роџер, а Коби вика: „Новак е мојот тип“.
Новинар заклучува дека клубот од Енфилд му бега на Манчестер Сити цели 22 бода и го прашува Гвардиола дали прифаќа дека веќе нема шанси. Одговорот на Пеп е епски.
Јазикот го зборувало едно племе во далечните карпести предели во Јужна Америка, а денес се останати уште пар луѓе кои знаат барем нешто од овој необичен јазик.
На Атлетико Мадрид не му оди нај нај сезонава и моментално е шести. Со триумфот од 1:0 градскиот ривал им избега 13 бода. Јасно е дека темперамент како Ел Чоло не ти седнува на клупа, особено не на дерби. Од клупата на Реал го реметеа затоа што цело време мавта.
Келн го совлада Фрајбург викендов со 4:0, а во една од контрите видовме ужасна игра еден на еден на дефанзивец на гостите. Какво е ова позиционирање и маркирање? Очаен баланс на тело.
Има 37 години и еден од оние како Пандев на кој не му пречат годините за да може да растура во напад. Синоќа Сампдорија загуби дома 2:4 од Наполи, Елмас даде гол првенец, ама потегот на мечот го има извонредниот Фабио Кваљарела.
По скоро шест месеци престој во Серија А, Елиф Елмас конечно се израдува на првиот гол откако направи голем трансфер од Турција во Италија. Наполитанците ја совладаа Сампдорија на гости со 2:4, а македонскиот репрезентативец го даде голот за 0:2 во 16-та минута и ја оправда шансата која му ја даде Гатузо во прв тим.
Тотенхем го совлада Манчестер Сити 2:0 во дербито на колото, а по тие 90 тешки минути фудбал следуваше малку опуштење во соблекувална барем за тројца играчи кои имаа спремено кореографија. Би сакале и Жозе да го видиме некогаш во вакво светло.
VАК410, најбројната ултрас група на Ајакс од Амстердам, пред стартот на големото дерби против ПСВ Ајндховен (1:0) од својата трибина распали многу пиротехника.
Во случајов не знаеме дали поголем будала е хулиганот или тој од клупа кој со ударот можеше мозок да му оштети. Што ви е бе луѓе? Фудбал е ова, не е боречки ринг.
Португалецот сезонава има 19 гола и 2 асистенции во Серија А, 2 гола во Лига на шампиони со 2 асистнеции и 1 гол во Купот на Италија. Против Фиорентина минатиов викенд постигна 2 гола од пенал и стигна до бројката од вкупно 50 погодоци за Јувентус. Интересно, Газета дело спорт објави слика на која се гледа како Кристијано Роналдо ги прославувал сите голови во Јувентус.
Жоакин се прослави во Валенсија, ама легенда е на Бетис. Таму ја почна кариерата, претходно беше во академијата, а во 2015-та се врати и еве го на 38 уште игра за нив. Гестов кон 80 годишната навивачка му е чиста 10-ка, во облаци е од среќа.
Дополнителниот „Празничен бонус“ од Sport Life, кој можат да го добијат членовите на СЛ клубот со нивната СЛ клуб картичка, на овој играч му донесе 56% бонус за вкупна добивка од 195.918 денари.
Навивачите на актуелниот европски и светски првак не размислуваат дали сезонава ќе ја освојат титулата во Премиер лигата, туку се занимаваат со есапот кога најбрзо можат да ја освојат. Со оглед на формата треба да престанат да играат за друг да може да им ја земе.
Скроз е подруго кога се гледа од телевизија, од ВАР соба, од трибини, со она што главниот судија на мечот го гледа во живо меѓу играчите. Во Шпанија поради тоа се случи најлудата епизода.
Не, човекот има толку природни реакции што стварно колку и да е некому антипатичен, пак на крајот не можеш да не го цениш. Пази ова: Сити доби пенал после ВАР, ама Уго Лорис го одбрани и Мурињо горд и среќен се дичи како паун. А уште кога помошникот му кажа дека Стерлинг веќе има жолт картон и дека судијата Мајк Дин требал да му покаже втор за глума по одбиената топка - се залета накај четвртиот судија:
Конечно се случи тоа што многумина го очекуваа - настан кој ќе се памети засекогаш, особено меѓу навивачите на еден од најтрофејните клубови во историјата.
Овогодинешниот Супербол, 54. издание по ред, се играше на „Хард Рок“ стадионот во Мајами а титулата ја освои Канзас Сити Чифс кој во финалето со 31:20 го совлада Сан Франциско Фортинајнерс.
Запознајте ги двајцата српски тренери Милан Павловиќ кој го тренира Иртиш од Казахстан и Милан Косановиќ кој е на кормилото на Раднички Ниш. Се сретнаа на пријателски натпревар во Турција и од што примерно се однесуваа, видеото во еден момент остана без тон, а теренот без играчи.
Само што почна пресот после освојувањето на Австралија опен, Ѓоковиќ прво му даде шанса да постави прашање на Италијанецот со кој лани беше цепки на истово место, ама се молеа кој прво да го изговори славното: Not too bad.
Заборавете на Меси, Роналдо, Мбапе, Нејмар и останатите на кои прво нешто во глава им е да постигнаt гол. Кралот во напад сезонава е напаѓачот на Италија кој денеска го однесе Лацио на второ место.