Чиро бе што стори?

Заборавете на Меси, Роналдо, Мбапе, Нејмар и останатите на кои прво нешто во глава им е да постигнаt гол. Кралот во напад сезонава е напаѓачот на Италија кој денеска го однесе Лацио на второ место.

Чиро Имобиле дефинитивно е неприкосновен сезонава и до сега ги фрла во сенка сите супер ѕвезди кои играат во напад во Европа. Цифрата на постгнати голови е како да сме месец мај кога завршуваат првенствата.

Постигна 25 по 21 коло, а вкупно се 38 кола до крај. Во Шпанија прв е Меси со 14, во Англија Варди со 17, во Германија Левандовски со 22, а во Италија и Европа нумеро уно е чичко ви Чиро.

60 години се нема случено вакво нешто во Италија.

Новата негова жртва денеска беше СПАЛ на кој му даде 2 гола од вкупно 5 кој Лацио ги постигна на денешната средба.

Со овие два гола Чиро стигна до бројка од 123 во последните 10 години Италија, рекорд кој до денеска го држеше Игуаин. Со ова темпо тој сезонава може да му сруши уште еден рекорд на Аргентинецот, тоа е оној од 36 гола во една сезона постигнато за Наполи.

Инаку Лацио е во страшна форма со 16 првенствени натпревари без пораз. Има 13 победи и 3 нерешени, а последен пат загуби на 25 септември од Интер 1:0. Токму на нив денеска им избега еден бод и се на -5 од Јуве. Интер вечерва игра против Удинезе, но Лацио има еден меч помалку кој го игра дома во среда против Верона.

16 меча без пораз Лацио имаше и под водство на Роберто Манчини во сезоната 2002/2003, а рекордот го држи Ериксон.

Лацио има втор најдобар напад во првенство и се без пораз на домашен терен сезонава. Имаат 7 гола помалку од најефикасната Аталанта и 9 повеќе од лидерот Јуве.

Двата гола на Имобиле

2 февруари 2020 - 19:42