Ливерпул во 4. коло од најстарото клупско натпреварување на светот мораше да се помачи за да го помине Шрузбери. На првиот меч на гости „црвените“ имаа 0-2 но домаќините израмнија во финишот и се изборија за реванш на „Енфилд Роуд“.
Поради тоа што им дал слободни денови за зимски одмор на сите првотимци, Јирген Клоп реши воопшто да не се појавува ниту тој ниту неговите играчи на повторниот меч, па против Шрузбери играа младинците и победија со 1:0.
Сега во 5. коло од ФА Купот Ливерпул ќе игра против Челси.
ЕДНАШ АРСЕНАЛ И ШЕФИЛД ВЕНЗДЕЈ ИГРАЛЕ ДУРИ 5 МЕЧА
Ова вековно старо правило во минатото знаело да има апсурдни последици. Така во третата рунда од ФА Купот 1978/1979 Арсенал и Шефилд Венздеј играле пет натпревари!
Лудиот јануари изгледал вака:
На 6-ти: Шефилд Венздеј - Арсенал 1:1
Поради многу снежни денови, во Англија ги одложиле сите натпревари од 3. рунда, но не и тој во Шефилд. Теренот на „Хилзборо“ малку го зачистиле пред мечот но недоволно: играчите се лизгале и постојано паѓале.
Тренерот на Арсенал Тери Нил за тој натпревар рекол дека е најлошиот кој го гледал во животот.
На 9-ти: Арсенал - Шефилд Венздеј 1:1
На повторениот натпревар, во Лондон гостите повеле во прво полувреме и до 88’ минута имале предност. Тренерот на Венздеј, Џек Чарлтон (брат на легендарниот Боби од Манчестер Јунајтед) рекол дека веќе го видел тимот во следната рунда, но Арсенал израмнил. Дополнителното време завршило без голови, а како не се изведувале пенали, требало да се игра нов меч за да се добие победник.
После мечот на тренерите им предложиле да се фрла паричка за да се одлучи која екипа ќе биде домаќин на третиот меч. Но Чарлтон одбил.
„Сакам да играме на неутрален терен. Верувам дека моите дечки можат да го победат Арсенал и да одат понатаму“.
Следниот меч се играл во Лестер.
15 јануари: Шефилд Венздеј - Арсенал 2:2
Ниту на третиот меч немало победник, па лудоријата продолжила со четврти меч.
17 јануари: Арсенал - Шефилд Венздеј 3:3
И двата меча завршиле нерешено. Арсенал воде, Венздеј одбивал да се предаде, се враќал во игра и мечот отишол во продолженија а кога ни таму немало победник, морало да се игра нов натпревар.
22 јануари: Шефилд Венздеј - Арсенал 0:2
„Топџиите“ решиле да ја завршат приказната. Како поквалитетен противник повеле со 0:2 и лудоста стигнала до крај. Интересно на ниту еден од претходните 4 натпрвари ниту еден тим не повел со 2 гола разлика.
Двата тима им подариле на навивачите 5 меча за 16 дена, 9 часа фудбал и 16 голови. Вакво нешто денес не е можно.
За среќа тие пет меча не им го измешале распоредот, затоа што тој јануари Шефилд не одиграл ниту еден друг натпревар а Арсенал имал во календарот само еден друг меч.