На крајот од мечот Хадерсфилд - Шефилд Венздеј во Чемпионшип се случи необична епизода. Тренерот на домаќините, Дејвид Вагнер при резултат 0:1 за противникот, им прати ливче со совети на своите играчи. Полушпицот на Шефилд Венздеј, Рос Валас во еден момент на шега му го украде листот на Елиас Качунги, а овој се изнервира.